Пожарот во Чучер Сандово изгаснат – хеликоптер од утрово гаси во Дојран, ер-трактор ќе дејствува во Македонски Брод

July 9, 2025
1 min read

Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување информираше за најновата состојба со пожарите. Тој рече дека пожарот во Чучер Сандево е целосно изгаснат, и дека сега се гасат пожари во Дојран, над селото Николиќ, и во Македонски Брод, над фабриката Самоков.

„Пожарот во Чучер Сандево е целосно изгаснат. Се уште се гледа чадење, но тоа се трупци кои догоруваат. Сега фокусот ни е кон пожарот во Дојран каде има тежок пожар над селото Николиќ. Дејствуваме со хеликоптер врз овој пожар, кој се одвива на стрмен терен. Затоа го користиме хеликоптерот кој со кратки налети доста ефикасно го погодува пожарот кој има само еден активен крак. Туак се пожарникарите од Гевгелија и Валандово, како и од Дојран. Мојата претпоставка е дека во следните часови ќе биде ставен под контрола. Покрај овој пожар, имаме активен и непријатен пожар можам да го проценам најтежок, тоа е пожарот на Македонски Брод над фабриката Самоков, и денеска ќе дејствува ер-трактор, и верувам дека и тој пожар ќе биде ставен под целосна контрола“, рече Ангелов.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата

Следно

Втора средба на Трамп и Нетанјаху оваа недела, разговараат за прекин на огнот во Газа

Latest from Blog

Ендрик оди на позајмица оваа сезона

Најтрофејниот шпански клуб, Реал (М), донесе конечна одлука кога е во прашање иднината на бразилскиот интернационалец Ендрик. Иако, малдиот напаѓач, на неколку пати изјавуваше дека и покрај скромната минутажа сака да остане

Смртоносен напад на мечка во Јапонија

ИСТАНБУЛ (АА) – По смртоносниот напад врз доставувач на весници, вчера за прв пат оваа година, во Хокаидо, најсеверната префектура во Јапонија, е издадено предупредување за напад на кафеава мечка, објави денес

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на
Go toTop