Најмалку 17 Палестинци се убиени во израелските напади врз Газа од утринските часови

July 8, 2025
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 17 Палестинци се убиени, вклучително жени и деца, а голем број се повредени во нападите на израелската армија врз различни делови на Појасот Газа од утринските часови, известува Анадолу.

Израел, кој предизвика хуманитарна катастрофа со заострување на блокадата на Газа и спречување на влезот на хуманитарна помош, ги нападна цивилите и шаторите на раселените Палестинци.

Четворица Палестинци, вклучително бебе и мајка, се убиени кога израелската армија бомбардираше куќа во населбата Тел ал-Хава во југозападниот дел на градот Газа.

Од баптистичката болница Ал-Ахли информираа дека двајца Палестинци се убиени, а неколкумина се повредени во израелски напад насочен врз куќа во населбата Ал-Туфа, во источниот дел на градот Газа.

Еден Палестинец е убиен во израелски напад врз куќа во градот Деир ал-Балах во централниот дел на Појасот Газа.

Голем број Палестинци се повредени кога израелската армија го бомбардираше училиштето „Абу Халу“, во кое биле засолнети раселените Палестинци во бегалскиот камп Бурејџ.

Четиричлено семејство, мајка, татко и две деца, се убиени во напад на Израел врз шатор што им припаѓал на раселените Палестинци во областа Маваси во Хан Јунис, во јужниот дел на Газа.

Тројца Палестинци ги загубија животите кога израелската армија нападна шатор на раселени Палестинци во близина на болницата „Насер“ во Хан Јунис.

Еден Палестинец е убиен во напад на израелската армија врз подрачјето на Џамијата на загинатите херои во Хан Јунис.

Голем број Палестинци се повредени во Маваси кога Израел ги нападна шаторите на раселените Палестинци.

Две лица се убиени во напад на израелската армија врз група Палестинци во Хан Јунис.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пожар избил синоќа во кругот на болницата во Битола

Следно

Се за трансфер во Арсенал: Ѓеркеш ја остави девојката, па се откажа и од 2 милиони евра!

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop