Претседателот на иранскиот Парламент, Калибаф, изјави дека ќе му се одмаздат на Израел

June 13, 2025
1 min read

ТЕХЕРАН (АА) – Претседателот на иранскиот Парламент, Мохамед Бакер Калибаф, во врска со нападите на Израел изјави: „Нападот врз населбите покажа дека криминалниот ционистички режим е најбрутален непријател на секој поединец од иранската нација. Ќе му се одмаздиме на ционистичкиот режим“, известува Анадолу.

Во писменото соопштение во врска со нападите на Израел, Калибаф наведе дека дефинитивно ќе се возврати на нападите.

Истакнувајќи дека цел на нападите биле цивилни населби, Калибаф рече:

„Криминалниот ционистички режим покажа дека е најголем непријател на човештвото и најбрутален непријател на секој поединец од иранската нација со напаѓање на населените места.“

Калибаф истакна: „Ќе возвратиме на секој можен начин. Ќе му се одмаздиме на ционистичкиот режим. Тие го започнаа ова, но ако даде Бог, ние ќе го завршиме.“

Израел започна напади врз иранскиот главен град Техеран, Тебриз, нуклеарниот погон Натанз во Исфахан и градовите Лорестан и Керманшах во раните утрински часови.

Во нападите се убиени и високи воени функционери и нуклеарни научници, вклучително и началникот на Генералштабот на Иран, генерал-мајор Мохамад Бакери и генералниот командант на Корпусот на Револуционерната гарда, генерал-мајор Хусеин Селами.

Во нападите Израел погоди и цивилни населби во Техеран, при што се убиени голем број цивили.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ново поглавје за Флекс Кредит – пристигнавме и во Црна Гора!

Следно

Ливерпул и Баер Леверкузен постигнаа договор за Флоријан Вирц

Latest from Blog

Пораз од Бугарија и трето место на турнирот „Чајка“ за македонските одбојкари

Одбојкарската репрезентација на Македонија претрпе пораз од 3:0 во сетови (25:20; 28:26 и 25:23) од Бугарија на последниот ден од 49.то издание на турнирот „Бранко Хаџииљоски – Чајка“. Со овој пораз Македонија

Турскиот министер Фидан: Анкара ќе продолжи да стои покрај сирискиот народ

Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес изјави дека Анкара ќе продолжи да стои покрај сирискиот народ и да ги поддржува неговите легитимни аспирации и волја, јавува Анадолу. „За време на

ДИК донесе упатство за избор на нови избирачки одбори за претстојните локални избори

Од страна на ДИК беше усвоено упатство за именување на претседател, членови и нивни заменици во избирачките одбори, кое произлегува од законските обврски за формирање нови состави од редовите на државната администрација,

Експлозија во апартман во Грција: Повредени 5 српски туристи, двајца со изгореници од прв и втор степен

По експлозијата на боца со течен гас во изнајмени соби во Аспровалта, во близина на Солун, во која беа повредени пет туристи од Србија, меѓу граѓаните во овој град владееше паника, а
Go toTop