СДСМ бара оставки од Тошковски и Јанев по апсењето на полициските началници: „Време е за одговорност, време е за оставки“

June 13, 2025
1 min read

СДСМ вечерва упати остар повик до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, да си поднесат оставки по апсењето на полицајци и полициски функционери во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Ја поздравуваме вечерашната акција на Обвинителството за организиран криминал и корупција во која се лишени од слобода полицајци и полициски функционери кои биле на смена кобната вечер на 16 март во т.н. дискотека Пулс во Кочани“, соопшти СДСМ.

Партијата обвинува дека власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ четири месеци се обидувала да ја прикрие вистината и одговорноста за трагедијата.

„Фактот што четири месеци ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ја сокрие одговорноста на полицајците и полициските функционери, фактот што нивната вина беше негирана од страна на Панче Тошковски и Христијан Мицкоски укажува на тоа дека сите биле вмешани или на некој начин знаеле за нелегалното работење на Пулс и тоа го одобрувале.“

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ирански пратеник: Шестата рунда преговори со САД нема да се одржи по израелските напади врз Иран

Следно

МНР апелира: Македонските државјани во Израел и Иран да бидат внимателни и да следат упатства

Latest from Blog

МКФ: Спортот обединува, не дели

Раководството на Македонската кошаркарска федерација се оградува и го осудува непримерното и националистичко однесување на мал дел од навивачите на натпреварот Македонија – Романија, одигран вчеравечер во Куманово. -Таквите постапки не го

Истрагата на израелската армија го поврзува порастот на самоубиства на војниците со траумата од војувањето во Газа

ЕРУСАЛИМ/АНКАРА (АА) – Истрагата на израелската војска покажа дека поголемиот дел од самоубиствата меѓу нејзините војници се директно поврзани со траумата и екстремните услови доживеани за време на војната во Појасот Газа,

Приведени две лица во Струга – горејќи душеци и бакарни жици предизвикале пожар на градската депонија

На 02.08.2025 во 20:30 часот, на градската депонија во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода Ф.Н.(61) од Струга и Е.В.(38) од Прилеп, кои претходно, од страна на вработени

ПО 11 ГОДИНИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИЗГРАДБАТА, ТУРСКИОТ ТЕАТАР ВО СКОПЈЕ ПОЧНУВА ВНАТРЕШНО ДА СЕ УРЕДУВА И ОПРЕМУВА

Во тек е третата фаза од изградбата, односно изведба на инсталациите во новиот објект на Турскиот театар во Скопје, како и изведба на сценско театарските технологии со внатрешното уредување и опремување, вели

Дојранско Езеро е пред колапс падна 80 сантиметри под минимумот, хидросистемот во распад

Нивото на Дојранското Езеро речиси една година постојано e околу 80 сантиметри под договорениот минимум, покажуваат мерењата на УХМР. Водната линија е повлечена десетина метри од шеталиштето, оставајќи туристи и локални угостители
Go toTop