Ивановски: Оваа е голема победа за нас

June 13, 2025
1 min read

Калин Ивановски одигра дубл меч за да го почувствува теренот и покрај поразот во сингл мечот со Молдавија во дубл го одигра во вистински ритам и сервираше беспрекорно.

„Го добивме мечот во двојки. Но знаев дека мечот во двојки со Стефан мора да го добиеме и успеавме и навистина сум среќен поради тоа. Ова е голема победа за нас, која ќе ни помогне да бидеме поблиску до Втората Светска група. Мечот во двојки беше навистина интензивен и навистина сум среќен што ова вака се заврши“, изјави Калин Ивановски по мечот во дубл.

„Многу сум среќен што победивме. Се се сврте на наша страна, но и заслуживме. И тие имаа среќа и ние имавме среќа на крајот, но нели среќата ги „прати храбрите“. Калин мислам дека одигравме одлично, добро беше за нас што неговиот сингл меч и не беше толку тежок да се измори и во дублот сервираше феноменално, мислам дека го сруши рекордот. Задоволен сум како играм, бев повикан како резерва, јас сум веќе во тренерски води, а и донесов неколку поени“, рече Мицов.

Инаку Мицов последниот настап за македонската репрезентација го имаше во 2021 година кога и бевме домаќини.

Македонија во  дуелот од 4.коло против Ерменија, аутсајдерот во оваа група и со победа ќе биде обезбеден пласман во Втората Светска група на Дејвис купот.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Томовски: Во текот на летниот период сите службени возила ќе бидат обележани!

Следно

Сончево и топло со мала локална облачност

Latest from Blog

Лозана го елиминираше Вардар од Конференциската Лига

ФК Вардар го заврши своето кратко европско лето со убедлив пораз на гостински терен од Лозана, Швајцарија – со резултат 5:0, што значеше и елиминација од понатамошните квалификации за европските натпреварувања. Македонскиот

Лукаревска до Тошковски: Кој од власта ќе одговара што изгоре 20% од територијата на земјата во пожари? (ВИДЕО)

Лукаревска ја обвини Владата за катастрофален неуспех во справувањето со пожарите и предупреди дека Македонија е прва во Европа по изгорена територија во однос на големината на земјата – со 95.000 хектари

САД со санкции против Палестинската ослободителна организација и палестинската управа

ИСТАНБУЛ (АА) – Соединетите Американски Држави (САД) денес воведоа санкции врз Палестинската ослободителна организација (ПЛО) и Палестинската самоуправа (ПС), обвинувајќи ги двете групи за непочитување на своите обврски и поткопување на мировните
Go toTop