МВР ги демантира тврдењата за „софтвер за шпионажа“ – станува збор за форензички алатки

June 8, 2025
1 min read

Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла како невистинити и неосновани тврдењата изнесени од страна на политичката партија СДСМ за наводна набавка на „софтвер за шпионажа“.

Потенцираме дека станува збор за редовно обновување на лиценци за специјализиран форензички софтвер, кој Министерството веќе повеќе од една деценија го користи за екстракција и анализа на дигитални податоци од мобилни телефони и други електронски уреди, во рамки на истраги што се водат исклучиво врз основа на наредби и во согласност со законските процедури.

Овие алатки не овозможуваат и не се користат за прислушкување, туку претставуваат стандардна опрема за дигитална форензика, каква што се користи и од други безбедносни институции ширум светот.

Напоменуваме дека ист софтвер бил набавен и во 2021 година, во време кога Министерството било раководено од министер од политичката партија СДСМ, што како факт сам по себе ја нагласува противречноста на денешните обвинувања.

Набавката е спроведена транспарентно и во согласност со Законот за јавни набавки и има единствена цел да го засили капацитетот на Одделот за форензички испитувања во откривање и докажување на кривични дела.

Министерството апелира до сите политички чинители да се воздржат од пласирање на дезинформации кои ја поткопуваат довербата во институциите. Очекуваме поддршка за професионалното и законито постапување на службите во интерес на јавната безбедност.

Борбата против криминалот мора да биде заеднички приоритет, а не повод за политички конструкции што одговараат само на оние кои се плашат од функционални институции и владеење на правото.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Атлетска трка „Трчаме за Рацин“ вечер во Велес

Следно

„Бог нека ги отвори границите, нека ги сруши ѕидовите“, рече папата Лав XIV критикувајќи ги националистичките политики

Latest from Blog

Албанската полиција во мај уапсила 625 криминалци и запленила 415 илјади евра

Албанската државна полиција објави дека само во текот на месец мај биле финализирани 99 полициски операции, од кои 34 од меѓународен карактер. „Уапсени се 625 лица осомничени за кривични дела, додека запленети

ЦУК и АРМ во координирана спасувачка акција кај Ливадичко Езеро – извлечено лице кое паднало во бездна

Денес, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), г. Мухамет Али, заедно со раководителката на Подрачното одделение на ЦУК – Тетово, Арлинда Муареми, од лице место ја следеше спасувачката акција за

„Македонија се оддалечува од ЕУ“, вели Јотова

Македонија се оддалечува од патот кон Европската унија, оцени бугарската потпретседателка Илијана Јотова, реагирајќи на последните случувања во Европскиот парламент поврзани со извештајот за напредокот на земјава. Таа ги оцени како „скандалозни“

Гневот и револтот на родителите на загинатите во Кочани биле со политичка заднина, тврди Владата

Гневот, револтот и големото незадоволство што вчера го искажаа родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ за време на нивниот марш во Кочани биле поврзани со некаква политичка заднина. Тоа го тврдеше денеска
Go toTop