Македонија вечерва ја пречекува Белгија во мундијалските квалификации

June 6, 2025
1 min read

Македонската машка фудбалска репрезентација вечерва во Скопје ја пречекува Белгија во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски се очекува да имаат поддршка од околу 25.000 гледачи од трибините на Националната арена „Тодор Проески“ во дуелот против главниот претендент за водечкото место во квалификациската група Ј.

По двата воведни дуели, Македонија е првопласирана во групата со четири бодови, по триумфот на гостински терен над Лихтенштајн и ремито против Велс во Скопје.

Вечерашниот дуел со почеток во 20:45 часот на Арената во Скопје ќе биде петти меѓусебен дуел во кој Македонија ќе се обиде да ја забележи првата победа над Белгија, по ремито (1-1) во 1994 година, и трите порази (5-0 – 1995) и 2-0 и 1-0) во 2013 година.

Јунскиот циклус во рамки на мундијалските квалификации Македонија ќе го заокружи на 9 јуни со гостување во Казахстан.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Еруптира вулканот Фуего во Гватемала, евакуирани стотици луѓе

Следно

Спасено животно за курбан кое скокнало во морето по бегството

Latest from Blog

Тешко рибарење на мавританските рибари

НУАКШОТ (АА) – Серхат ЗАФЕР Рибарите во Мавританија, западноафриканска земја со крајбрежје во должина од 754 километри на Атлантскиот Океан, во текот на целиот ден ловат риба, известува Анадолу. Риболовот е меѓу

Тешка несреќа на патот Скопје – Тетово – загина 19 годишна девојка!

На 06.06.2025 во СВР Скопје било пријавено дека во 16.20 часот на регионалниот пат Скопје-Тетово, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишната М.Џ. од с.Семениште, општина Сарај, излетало од

Филипче: Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа

Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на маалска средба во Прилеп. „Бугарите треба да направат навистина еден чекор, еден нивни

Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани – 070 355 526

Повредените во трагедијата во Кочани и нивните семејства од понеделник на директна телефонска линија – 070 355 526 што ја отвора Владата ќе можат да ги изнесат своите барања и потреби. -Ја
Go toTop