На армискиот полигон Криволак се одржува големата вежба „Брз одговор 2025“ позади мене може да ги забележите и учесниците повеќе од 2000 војници од САД, Црна Гора Косово, Австрија, Грција, Албанија, Италија и Обединетото Кралство. Вежбата е дел од големата мултинационална вежба „Дефендер 2025“ со над 12 илјади војници кои учествуваат во различни земји низ цела Европа.
Целта е да се подготви и да се подигне интероперабилноста меѓу сојузничките но и партнерските земји. За прв пат оваа година во Криволак присутни се и тенкови, но ги забележуваме тука и хеликоптерите Блек Хок, но и останати хеликоптери како Апачи и медецински транспортни хеликоптери кои што се присутни на оваа вежба.
Вежбата инаку ја тестира и способноста на НАТО да одговори на развојни безбедносни закани кои што како што беше потенцирано и во говорите на официјалните лица домаќините но и врховниот командант ваквите вежби се неопходни и потребни во овие моменти повеќе од било кога.
„Брза одговор 2025“ обединува над 2200 војници од девет држави. Оваа вежба не е само демонстрација на воена моќ, туку манифест на солидарност, симбол на единство, потсетник дека само заедно можеме да им се спротивставиме на заканите коишто ги загрозуваат мирот и стабилноста.“, вели Гордана Сиљановска Давкова.
„На овој начин ги унапредуваме способностите за одвраќање и одбрана и ги зацврстуваме националните безбедносни одбранбени планови и одбранбените планови на Алијансата.“, вели Владо Мисајловски.
„Неуморната работа на учесниците на вежбата нема за цел само да се подобрат капацитетите и способностите, туку и да се изгради доверба, интероперабилност и меѓусебно почитување. Токму овој ден, денот за високите гости ни дава можност да го покажеме она што сме го постигнале заедно, ни дава можност да ја согледаме важноста на нашата заедничка мисија за обезбедување на бараните капацитети за справување со секоја закана и криза.“, вели Сашко Лафчиски.
„Оваа вежба е доказ за силата и смртоносноста на колективната одбрана и нашата посветеност на една стабилна и безбедна Европа. Сакам да ја изразам нашата исклучителна благодарност на Северна Македонија за нејзината импресивна и непоколеблива посветеност на регионалниот мир и безбедност. Северна Македонија не е едноставно само сојузник на НАТО, вие сте вреден безбедносен партнер, и регионално и во глобални рамки.“, вели Левон Кемптон.
За прв пат на Криволак се донесени тенкови и се користат вакви тешки механизации особено логистички биле потешкотиите и предизвиците со кои се соочи нашата држава со цел транспорт на овие странски тенкови, од кои еден има тежина над 62 тони.
Инаку Криволак веќе е препознаен од НАТО, но и од нашиот стратешки партнер САД, како полигон се користи постојано и од година во година постојано се модернизира. Реков над 2000 војници учествуваа на оваа вежба од повеќе држави, а воената вежба е под името „Брз одговор 25“. Јовица Пауноски, ТВ21, Крволак.
ИЗВОР: ТВ 21