Истрагата за големата трагедија во Кочани и понатаму причина за серија прес-конференции. Опозициската СДСМ и денес со обвинувања кон власта.
Доволно време помина, институциите не си ја завршија својата работа, институциите на прогонот се заложници на Христијан Мицкоски кој од првиот ден ја попречува истрагата за пожарот во дискотеката Пулс за да се спаси самиот, посочија на прес-конференција од СДСМ.
Реакција на посочените прашања од страна на ВМРО-ДПМНЕ до објавување на прилогот нема.
А во меѓувреме, заврши и евалуацијата на повредените што се лекуваат во кочанската болница. Прегледите опфатија повеќе од стотина пациенти, дел од нив повратници од странските болници, а дел се лица кои беа хоспитализирани во македонски здравствени установи. Од Министерството за здравство информираа дека денеска се потпишани нови договори со лекари од скопските клиники.
За тоа како ќе продолжи начинот на лекување и процесот на рехабилитација на повредените во пожарот во Пулс, Андовски најави нови и подетални информации деновиве.
Инаку, за повеќето од нив медицинските лица предупредуваат дека процесот на заздравување ќе трае со години, а пациентите мора строго да ги заштитуваат повредите од сонце и други надворешни влијанија.
Извор: 24vesti.mk