Студентски протести во Србија во повеќе од 30 градови, се бара распишување предвремени парламентарни избори

June 1, 2025
1 min read

Студенти и граѓани денеска во Белград и во уште 30-на градови во Србија одржуваат протести на кои бараат одржување предвремени избори за Парламентот, јави дописникот на МИА.

Во Белград блокиран е Бранков мост од 18 часот , па се до 21:16 часот како и мостот Газела. Под слоганот „Стани Србијо“ (Востани Сербије), тие повикаа на колективна акција низ целата држава, седум месеци по падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 16 лица, а едно лице е тешко повредено.

На протестите студентите во блокада скандираат – „Сакаме правда, сакаме вистина, сакаме избори“, „Сакаме избори“, „Пумпај“ и „Исполнете ги барањата“, „Шарена револуција, шарена лага“, „Нема еволуција без револуција“. Носат и знамиња на факултетите.

Студентите во блокада имаат и на овие протести поддршка од граѓани.

Според претходните најави на студентите на социјалните мрежи, протестите ќе се одржат денеска во 32 градови во Србија.

Протестот под слоганот „Сакаме избори“ прво беше најавен само во Пожаревац, но студентските и граѓанските организации на други места одлучија да организираат собири или да ги одложат своите протести за денеска и на тој начин да се приклучат на колективната акција низ целата земја.

Студентите во блокада во Србија најавија протести за денеска низ државата каде еден од слоганите е „Децентрализацијата се вчитува“. Нивната цел е да покажат дека цела Србија е обединета во политичката борба и дека гласот на помалите градови е слушнат.

На почетокот на мај, студентите побараа одржување вонредни парламентарни избори, поради „длабоко вкоренета корупција“ додека институциите не се во можност слободно да работат на нивните барања.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 16 мај изјави дека изборите ќе се одржат во следната година и пол и дека ќе бидат објавени кога надлежните институции ќе донесат одлука за тоа.

Утврдувањето на кривичната и политичката одговорност за загинувањето на луѓето при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад е во фокусот на барањата на студентите. (МИА)

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вардар го освои ракометниот Куп на Македонија

Следно

Во Собранието утре ќе пристигне предлог-закон за отворени листи и една изборна единица

Latest from Blog

ВИДЕО: Бугарски пратеници се степаа по одлуката за преминување на евро

Тепачка се случи денеска во Парламентот на Бугарија околу одлуката за приклучување на земјата кон Еврозоната, а некои од парламентарците ги повикаа поддржувачите на зачувувањето на националната валута левот да го блокираат

Захарова: Веруваме дека Србија е целосно свесна за ризикот од снабдување на Киев со муниција

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија е уверена дека Србија е целосно свесна за ризиците поврзани со пад на нејзините воено-индустриски производи во рацете на режимот

Ристески во Отворено: Нема опасност од намалување на прагот на репрезентативност на синдикатите од 10 на 5%

Претседателот на Конфедерацијата на Синдикални Организации на Македонија, Марјан Ристески во Отворено рече дека предлогот за намалување на прагот на репрезентативност на синдикатите од 10 на 5% не е опасен. Според него,

Арсенал се разделува со 20 играчи

Вицешампионот на Англија, Арсенал, објави список од 20 играчи со кои се разделува. Меѓу играчите се оние од првиот сениорски машки тим, но и играчи од академијата на тимот, како и играчи
Go toTop