Филипче: Влезот во ЕУ значи обединување на сите Македонци!

June 1, 2025
1 min read

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од младинска трибина во Струмица испрати порака за обединување и враќање на европска иднина на државата, потенцирајќи ги придобивките за целиот народ, но, пред се за младите:

„Бенефитот од влезот во Европа е многустран. Тоа е признание за нашиот идентитет, тоа е економски напредок, тоа е фер судство, тоа се повисоки плати, подобри услови за живот. Но најважно – тоа е начин за обединување на сите Македонци. Во и надвор од земјата.“

Филипче нагласи дека евроинтеграцијата не е апстрактен политички проект, туку битка за нормален живот:

„Кога млад човек ќе види дека државата му нуди фер систем, тогаш ќе остане овде. Ако не сториме ништо, ќе изгубиме уште илјадници талентирани млади луѓе. Тоа не смее да се дозволи.“

Социјалдемократите се посветени на тој пат, како наследници на АСНОМ и Илинден, со силна европска визија:

„Вие сте наследници на илинденците и асномците. Тоа е свето наследство. Наша обврска е да ја продолжиме нивната борба – денес преку знаење, учество, идеи. И да ја однесеме Македонија таму каде што припаѓа – во европското семејство на народите.“

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сабаленка: Многу тренери говореа дека сум глупава, дека нема да успеам

Следно

Доаѓа затоплување: Следува период на топло време и температури до 37 степени

Latest from Blog

Има уште неколку месеци живот: Ратко Младиќ бара привремено ослободување од затвор

Поранешниот воен лидер на босанските Срби, Ратко Младиќ, преку својот адвокат, побара привремено ослободување од затвор поради влошена здравствена состојба, јави Радио Слободна Европа, повикувајќи се на соопштение од Меѓународниот резидуален механизам

Се отвора за употреба мостот Ченаб – највисокиот железнички мост во светот

СРИНАГАР (АА) – Во употреба се пушта мостот Ченаб, изграден во регионот Џаму и Кашмир во Индија, највисок железнички мост со лак во светот, известува Анадолу. Привлекувајќи го вниманието со високотехнолошката структура,

Кривична пријава за измама: Земјоделци и превозници од Пелагонија оштетени за над 140.000 евра

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Д.Н.(30) од село Долно Оризари, битолско, П.Н.(57)од с.Путурус, општина Могила и две правни лица од с.Долно Оризари. Првопријавениот во текот на

КЛИНТ ИСТВУД ДЕМАНТИРАШЕ ДЕКА ДАЛ ИНТЕРВЈУ ЗА АВСТРИСКИ „КУРИЕР“, „РОЈТЕРС“ ЈА ПОВЛЕЧЕ ВЕСТА

Холивудската легенда Клинт Иствуд демантираше дека дал интервју за австрискиот весник „Куриер“, кое го пренесоа повеќе медиуми, меѓу кои и „Ројтерс“, „Пипл“, „Вараети“, „Фокс њуз“ и „Дедлајн“. „Куриер“ е дневен весник на

СДСМ за Кочани: Зошто Мицкоски го штити началникот Томо Донев?

СДСМ денеска продолжи со серијалот прес-конференции насловени како „Вистината за Кочани“. – Зошто обвинителството ги амнестираше од одгворност сите актуелни полициски функционери на ВМРО-ДПМНЕ од најголемата трагедија во историјата на Македонија, пожарот
Go toTop