Македонскиот јазик во медиумите, тема на научна конференција

May 15, 2025
1 min read

Во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска  ќе се одржи 29. Меѓународен научен собир на тема „Јазикот во медиумите (состојби, предизвици, перспективи)“, во рамки на традиционалната манифестација „Денови на Благоја Корубин“.

-Медиумите силно дејствуваат во обликувањето на јазикот на една заедница, а истовремено се и многу влијателен фактор во градењето на културниот, општествениот и политичкиот живот на таа заедница. Медиумските текстови денес имаат општествена функција и се еден вид „конверзација“ за актуелни прашања, најавија од Институтот.

Обраќања ќе имаат директорката на Институтот за  македонски јазик Елена Јованова-Грујовска и претседателката на Меѓународниот организациски одбор Катица Топлиска-Евроска, а промотор на Зборникот Јазикот во уметничката литература ќе биде проф. д-р Лилјана Макаријоска.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВМРО ДПМНЕ не го подржува Законот на СДСМ за Кочани

Следно

МВР со апел: На матурска прослава без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред и мир!

Latest from Blog

Каранфилова Пановска во 24 анализа: Македонија е со блокиран европски пат

Заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска во 24 анализа рече дека СДСМ со сите свои каапцитети стои на располагање за да помогне за одблокирање на процесот на пристапување во Европската Унија.

Завршени антитерористичките проверки, лажна е пријавата за бомба во „Јане Сандански“

Денеска (15.05.2025) во 18.49 часот непознато лице телефонски се јавило во СВР Скопје и рекло дека во салата “Јане Сандански” во Скопје, каде вечерва беше закажан музички концерт, има поставено бомба. Веднаш

Том Круз во Кан емотивно го одјави своето натамошно учество во „Невозможна мисија“

Том Круз во Кан емотивно се одјави од „Невозможна мисија“. Во осмиот и, како што тој емотивно рече, последен филм (засега) во спектакуларната франшиза акционен трилер „Невозможна мисија: Последната пресметка“ (Mission: Impossible

Претседателот Ердоган утре ќе отпатува во Албанија

АНКАРА (АА) – Директорот на Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство, Фахретин Алтун, објави дека претседателот Реџеп Таип Ердоган утре ќе отпатува во Албанија за да присуствува на Шестиот самит на Европската
Go toTop