Касами: Министерството за здравство останува кај Вреди, во моментов нема разговори за размена на ресори

May 14, 2025
1 min read

И по излегувањето на Арбен Таравари од Владата, кој го имаше и министерското место за здравство, Биљал Касами изјави дека овој ресор останува кај ВЛЕН, јавува репортерот на ТВ21.

Како што рече Касами, досега не се разговарало за размена на ресори, но по заминувањето на Таравари, тие се подготвени да разговараат во тој правец.

„Нема разговори за размена на министерства. Јас дадов изјава дека една од причините зошто го презедовме Министерството за здравство беше затоа што директно Арбен Таравари побара да биде министер за здравство. Секако, кога се прават договори за позиции и одговорности, тие се распределуваат и според капацитетите што ги имаме. Јас кажав дека постои можност, доколку Вреди има некоја нова распределба за друг кадар кој би бил поважен, тогаш тоа би требало да се разговара со Владата. Во моментов не е разговарано, Министерството за здравство останува кај Вреди“, изјави Касами.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Македонскиот оркестар FAME’S настапи на спектакуларната најава за првиот Дизниленд на Блискиот Исток во Абу Даби

Следно

Трамп: По разговорите со турскиот претседател и саудискиот престолонаследник, САД ќе ги укинат санкциите врз Сирија

Latest from Blog

Захарова: Руската делегација пристигна во Истанбул, подготвена за сериозни разговори

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска потврди дека руската делегација пристигна во Истанбул, каде се планирани разговори за решавање на конфликтот во Украина, пренесоа руските медиуми. – Како

Напаѓачот на Нотингем Форест се разбуди од кома по операцијата

Напаѓачот Таиво Авоњи од англискиот тим Нотингем Форест беше извлечен од индуцирана кома по операција поради сериозен абдоминален проблем, објавија англиските медиуми. Нигерискиот репрезентативец се повреди откако се судри со стативата во

Зеленски пристигна во Турција пред преговорите меѓу Русија и Украина

АНКАРА / ИСТАНБУЛ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес пристигна во турската престолнина Анкара на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пред мировните преговори меѓу Русија и Украина, јавува Анадолу.

Утре не очекуваат пообилни врнежи од дожд

Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на деноти во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, наместа пообилни, и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а
Go toTop