ТРАМП НЕ Е САМО ПРОБЛЕМ НА САД, ТУКУ Е СВЕТСКИ ПРОБЛЕМ, РЕЧЕ РОБЕРТ ДЕ НИРО ПРИМАЈЌИ ЈА ЗЛАТНАТА ПАЛМА ВО КАН

May 14, 2025
2 mins read

Американската филмска легенда Роберт де Ниро го нарече претседателот Доналд Трамп „непријател на уметноста“ и „филинстински претседател“ на синоќешното свечено отворање на Канскиот филмски фестивал.

Де Ниро (81) е годинашен добитник на почесната Златна палма, а му ја врачи неговиот соработник во филмовите „Животот на ова момче“ и „Убијци на цветната месечина“, Леонардо ДиКаприо. Откако го бакна Дикаприо во образ, Де Ниро одржа говор за заканата под која моментално се наоѓа американската демократија.

„Во мојата земја, се бориме за демократијата што некогаш ја земавме здраво за готово. И тоа нè засега сите нас тука затоа што уметноста е демократска. Уметноста е инклузивна. Ги зближува луѓето, како вечерва. Уметноста бара вистина, уметноста ја прифаќа различноста и затоа уметноста е закана – затоа ние сме закана – за автократите и фашистите“, рече двократниот оскаровец.

Потоа Де Ниро се осврна на предложената царина од 100 отсто на Трамп за сите филмови произведени надвор од САД, која беше објавена нешто повеќе од една недела пред фестивалот.

„Не можете да ставите цена на креативноста, но очигледно можете да ставите царина на неа. Секако, ова е неприфатливо. Сите овие напади се неприфатливи и ова не е само американски проблем. Тоа е глобален. И како во филм, не можеме само да седиме и да гледаме. Мораме да дејствуваме сега. Без насилство, но со голема страст и решителност. Време е секој што се грижи за слободата да се организира, да протестира и кога ќе има избори, секако да гласа. Вечерва, и во следните 11 дена, ја покажуваме нашата сила и посветеност славејќи ја уметноста на овој славен фестивал“, рече актерот.

Лауреатот Де Ниро со ДиКаприо, Квентин Тарантино и жирито на чело со оскаровката Жилиет Бинош. (Фото: Кански фестивал)

Де Ниро,  кој освои два Оскара во текот на својата шестдецениска кариера – е најпознат по своите 10 соработки со режисерот Мартин Скорсезе, меѓу кои и „Злобни улици“ (1973), „Таксист“ (1976), „Разгневениот бик“ (1980), „Добри момци“ (1990), „Ирецот“ (2019) и „Убијци на цветната месечина“ од 2023.

Уште со првото појавување на филмското платно, во првите филмови на штотуку дипломираниот Брајан де Палма, Роберт Де Ниро стана препознатлив по улогите на негативци.

Во текот на својата кариера, Де Ниро глумеше ликови од италијанско-американската мафија, од ситни насилници до големи мафијаши, при што, ја играше и една од најзначајните улоги во неговата кариера и во па кинематографијата воопшто, младиот Вито Корлеоне во „Кум 2“ на Френсис Форд Копола, и успеа во предизвикот да ги долови младите години на ликот на Марлон Брандо без да го имитира. Таа улога му донесе Оскар за најдобра споредна машка улога.

Во 1976 глумеше во две ремек-дела на филмската уметност во официјалната селекција на Канскиот фестивал: „1900 година“ на Бернардо Бертолучи и „Таксист“ на Скорсезе, кој ја освои Златната палма.

Неговата посветеност на улогите стана легендарна, при што, продолжувајќи ја соработката со Скорсезе научи да свири на саксофон за „Њујорк, Њујорк“, да вежба бокс и се здебели 30 килограми за „Разгневениот бик “, што беше негова лична идеја и што му донесе Оскар за најдобар актер. Во 1984, Де Ниро дојде во Кан со „Беше еднаш во Америка“, последниот филм на Серџо Леоне. Во 1990-тите глумеше и во „Џеки Браун“ на Квентин Тарантино, хит-комедијата на Џеј Роуч „Запознај ги родителите“.

По 11 септември, Де Ниро го основа Филмскиот фестивал Трајбека во 2002.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Арбр Адеми за состојбите во Влен: Малкумина беа, уште помалку останаа

Следно

Намита Субиото, Словенката што се грижи за македонистиката

Latest from Blog

Две македонски општини меѓу 15 кои се вклучени во регионален проект за подобрување на условите за лица со попреченост

Валандово и Демир Капија се дел од четиригодишен регионален проект „Зајакнати / Empowered“ – за инклузија на лица со попреченост, регионална соработка и развој, во кој се вклучени 15 општини од Западен

24 тема “Министер за здравство“ : Кој, како и кога раководеше со ресорот

Министерството за здравство почесто менува министри отколку амбулантни возила. Шест промени во ресорот ги одбележаа последниве осум години, a oд осамостојувањето досега, низ фотелјата поминале дури 18 министри, што здравство го прави

Реал Мадрид е уценуван од страна на Винисиус

Бразилскиот фудбалер Винисиус сè уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид – од неколку причини. Како што пишува „Марка“, разговорите со Реал Мадрид се водат веќе подолго време, но сè уште

Трамп го отфрли барањето на Нетанјаху за продолжување на санкциите кон Сирија

АНКАРА (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли барањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за задржување на санкциите врз Сирија, објавија денес израелските медиуми, јавува Анадолу. Нетанјаху го посети Вашингтон минатиот

„Играта не заврши, сега се игра на теренот на ЕФ“ – Вреди ја прашува опозицијата колку се сигурни во нивните пратеници

Со излегувањето на АА со своите 5 пратеници во опозиција, коалицијата ВРЕДИ во Собранието  од 14 пратеници сега остана со 9. Од друга страна, 22 албански пратеници се во опозиција. Прашањето за
Go toTop