Последно кафе Мицкоски-Таравари: „Нека му е со среќа, не очекував дека ќе оди во прегратките на ДУИ“

May 11, 2025
1 min read

Претстојнава недела ќе имаме последно кафе со претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари и јас му посакувам се најдобро. Ова го изјави премиерот Мицкоски со што потврди дека досегашниот министер за здравство заминува од Владата, но и потенцираше дека мнозинството е стабилно. Мицкоски вели Таравари одлучил да се врати во прегратките на Демократската унија за интеграција, но тоа не било одлука на членството на неговата партија.

Господинот Таравари и неколкумина околу него се одлучени да се вратат во прегратките на Али Ахмети и Демократската унија за интеграција. Јас можам само да му посакам среќа и се надевам дека ќе имаме една завршна средба во текот на следната недела на која што ќе сумираме што е тоа што е направено. Најмалку што очекував е да се врати назад во прегратките на Али Ахмети и останатите но тоа е сепак негова одлука и убеден сум одлука на малкумина и дека тоа не е одлука на членството на Алијанса за Албанците, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Но дали ова значи дека би можело дел од министрите но и пратениците од редовите на партијата на Таравари сепак да останат во власта или пак ќе се приклучи друга партија во мнозинството, Мицкоски не прецизираше.

-Дали тоа значи и што значи времето ќе покаже, Владата е стабилна, Владата има близу две третини поддршка во парламентот, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Таравари во изјава за ТВ21 вели дека Мицкоски е под притисок на, како што рече, останатата група на Албанците во Владата, поради неговата одлука да оди сам на локалните избори. Тој и вчера на отворањето на канцеларија на Алијанса за Албанците во Бутел рече дека за него не е проблем заминувањето од Владата, бидејќи не е значи ништо ако си во неа а не одиш по европскиот пат.

-Премиерот Мицкоски беше и е под голем притисок во последно време поради неколку работи, и ми е жал кога слушам дека и тој паѓа како жртва на овие „суеверја“. Единствената вистина е дека ние како партија решивме да излеземе со посебни советнички листи на локалните избори. Оваа одлука не беше добро прифатена од албанската група во Владата и подигнаа илјада алиби. Ние не сакаме повеќе да бидеме дел од оваа клима на трачеви и теории на заговор што се создаде. Тие албански политичари што се во Владата, за жал, не можат да се променат – тие се наследници на стариот политички менталитет. Сепак, јас лично ќе разговарам со господин Мицкоски за да му ја објаснам јасно и прецизно нашата одлука, вели Арбен Таравари, Алијанса за Албанците.

За излегувањето на Таравари од Владата деновиве зборуваше и Биљал Касами од ВРЕДИ кој рече дека претседателот на Алијанса за Албанците заминува но дека некој од партијата кои не се согласуваат со него може да остане во власта.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски и Таравари ќе имаат завршна средба следната недела

Следно

Папата Лео XIV: „Длабоко сум трогнат од настаните во Појасот Газа“

Latest from Blog

Како Турција стана доверлив глобален посредник за мир во конфликтните зони

ИСТАНБУЛ (АА) – Значајната улога на Турција како меѓународен посредник повторно е во центарот на вниманието бидејќи Истанбул се подготвува да биде домаќин на нов, и потенцијално историски, круг мировни преговори меѓу

Израелскиот министер Коен: Планот за протерување на Палестинците од Газа „сè уште е на маса“

ЕРУСАЛИМ / АНКАРА (АА) – Израелскиот министер за енергетика Ели Коен денес изјави дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп за раселување на Палестинците од Појасот Газа „останува на маса“, пренесува Анадолу.

Mакедонија 2025: По најавениот градежен бум, инвестициите за да не бидат промашени, мора да се во корист на бизнисот

Отворено, без да се поштеди никој и без вообичаената воздржаност карактеристична за вакви собири, извршната директорка на „Македонија 2025“ Никица Мојсовска Блажевски кажа дека сè уште немаме консензус каква пазарна економија сакаме,

Македонија чита! Рекордна посетеност на Саемот на книга во Скопје, остануваат уште два дена

37-то издание на Саемот на книга во Скопје ќе остане запаметен по многу нешта. Прво по убавата енергија, ентузијазмот и еуфоријата која беше забележана кај илјадници луѓе од сите генерации, пред сѐ
Go toTop