Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, престојува во еднодневна посета на Украина, на покана на неговиот украински колега Андриј Сибига.
Муцунски учествуваше на Министерскиот состанок на основната група за формирање на Специјалниот трибунал за злосторство на агресија против Украина и на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ.
„На состаноците беше потврдена силната поддршка за Украина, нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, како и за иницијативата за воспоставување правна одговорност за актите на агресија. Во таа насока, ја реафирмирав принципиелната поддршка на нашата држава, повикувајќи на итен и безусловен прекин на огнот од страна на Русија и на заеднички ангажман за постигнување праведен и одржлив мир. Во рамки на посетата, заедно со останатите колеги министри, оддадовме почит на украинските херои на гробиштата „Lychakiv“ во Лавов“, напиша Муцунски.
ИЗВОР: ТВ 21