Црешите во Македонија над 1.300, во Србија „само“ 370 динари

May 9, 2025
1 min read

Додека во Србија граѓаните реагираат бурно поради високите цени на црешите – кои достигнуваат и до 700 динари, односно околу 371 денар – на македонските пазари ова овошје стана вистински луксуз. На некои зелени пазари во Скопје, килограм први рани цреши се продава и за 1.359 денари, што е речиси четири пати повеќе од српските пазарни цени.

Цената на црешите и во двете земји бележи раст поради слични причини: лоши временски услови во текот на пролетта, зголемени трошоци за производство, инфлација и намален род. Но, во Македонија оваа комбинација резултираше со рекордно висока цена, која го надминува и нивото на повеќето увозни овошја.

Продавачите велат дека се работи за први, рани цреши од Струмичко и Валандовско, и дека цената ќе паѓа во наредните недели. Сепак, за многумина останува прашањето – дали црешите стануваат овошје достапно само за „елитата“?

Пред истекот на владините мерки за замрзнување на цените и ограничување на маржите за над илјада основни производи, надлежните од Владата и Министерството за економија најавија засилени инспекции и уверуваа дека нема да дојде до драстичен раст на цените. Сметаа дека пазарот ќе остане стабилен, без поголеми потреси.

Но, реалноста ги демантираше овие оптимистички прогнози – цените скокнаа веднаш по укинувањето на мерките. Сега останува прашањето: дали и какви нови мерки ќе преземе Владата за да им помогне на граѓаните и да го амортизира ударот врз домашниот буџет?

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во Москва почна парадата на победата над фашизмот, Путин: Наша должност е да ја браниме руската армија

Следно

Македонката Елена Митревска од 1 јануари ќе биде уметничка директорка на двата хора на Данското Радио

Latest from Blog

92 сообраќајни прекршоци синоќа во Скопје

Синоќа (10/11.05.2025) од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 17.00 до 01.00 часот беше спроведена засилена сообраќајна контрола по Оперативната акција “Безбеден сообраќај”. За

Влатко Стефановски одржа концерт за паметење

Легендарниот Влатко Стефановски прослави 50 години кариера со одличен тричасовен концерт во Филхармонија, како последна станица од регионалните концерти со специјални гости. Гитарскиот виртуоз заедно со бендот одржа еден вид мастерклас и

Полскиот амбасадор Бримора: Работиме на приближување на ставовите на Скопје и Софија, спроведете реформи, вратите за ЕУ се отворени

Полскиот амбасадор во земјава Мариуш Бримора во интервју за МИА вели и во Брисел на билатерално ниво се работи на приближување на ставовите меѓу Скопје и Софија. Тој нагласува дека полското претседателство

Парламентарни избори во Албанија: Рама се надева на четврти мандат, Бериша на враќање на власт по 12 години

Во Албанија денеска се одржуваат 11. по ред парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим, на кои правото на глас од 7 до 19 часот треба да го искористат 3.721.116,  од нив
Go toTop