Мицкоски по повод 9 мај – Денот на Европа: Го славиме мирот, единството и заедничките вредности што не обединуваат како европски народи

May 9, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 9 мај – Денот на Европа.

Како што вели, денес го славиме мирот, единството и заедничките вредности што не обединуваат како европски народи.

„Нека ни биде потсетник дека преку дијалог, солидарност и почит кон различноста можеме да градиме подобра иднина за сите.

За Македонија, Денот на Европа не е само симболика, тој е и поттик за уште посилна посветеност кон европските вредности, реформи и напредок.

Нашиот пат кон Европската унија е пат на достоинство, работа и надеж.

Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината!

Обединети во различноста, силни во заедништвото.

Но воедно да не заборавиме на огромната жртва која како народ ја дадовме во борбата против фашизмот. Победата над фашизмот беше резултат и на блескавата саможртва на илјадници македонски партизани кои во своите животи ги положија за денешната слобода и беа наследници на илинденскиот пламен за Македонија.

Методија Андонов Ченто, Петре Пирузе Мајски, Михајло Апостолски, Павел Шатев, Мирче Ацев, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски – Карпош, Ибе Паликуќа, Елпида Караманди, Кузман Јосифовски – Питу и плејада други големи имиња се вградија во денешната наша државност.

Пред нивното дело се поклонуваме со огромна почит и внимание. Затоа победата над фашимот е и наше право, а почитта кон тоа е наш долг. Честит 9 мај“, вели Мицкоски.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Се трага по убиецот од Штип што кај Миладиновци ѝ побегнал на полицијата

Следно

„Tензиите меѓу Индија и Пакистан не ги засегаат САД“, изјави Венс, потпретседателот на САД

Latest from Blog

Турскиот претседател Ердоган им го честита Денот на Европа на европските граѓани

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им го честита на европските граѓани 9 Мај, Денот на Европа, јавува Анадолу. Според соопштението на профилот на социјалните мрежи на претседателската Дирекција за

Баер Леверкузен ја најде замената за Чаби Алонсо

Цеск Фабрегас е првиот кандидат за наследник на Чаби Алонсо на клупата на Баер Леверкузен. Шпанска „Марка“ откри дека германскиот клуб од неколку кандидати за приоритет го избрал Фабергас на местото на

САД: Федерален судија нареди ослободување на турската докторантка Румејса Озтурк со кауција

ВАШИНГТОН (АА) – Федерален судија во американската сојузна држава Вермонт денес нареди ослободување на турската докторантка Румејса Озтурк, која беше контроверзно приведена од агенти за имиграција кон крајот на март, со кауција,

Турција и Грција ќе ја прошират соработката за достигнување на целта од 10 милијарди долари во билатералната трговија

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Соработката меѓу Анкара и Атина ќе се прошири во различни сектори за да се постигне целта од 10 милијарди долари во билатералната трговија, изјави денес турскиот заменик-министер за надворешни
Go toTop