ССМ го почна првомајскиот протест за повисоки плати и поголеми права на работниците

May 1, 2025
1 min read

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) претпладнево пред Работничкиот дом го почна протестот за повисоки плати и подобри услови за работа. 

На Меѓународниот ден на трудот 1 Мај, ССМ го актуализира барањето минималната плата да биде 500 евра, сите останати плати да бидат зголемени за 100 евра и да се почитуваат колективните договори и работничките права. 

-Денеска работниците имаат многу причини да протестираат, а малку да празнуваат. Денеска протестираме за плата, денеска одиме пред Собрание, Стопанска комора и Влада да кажеме дека бараме 500 евра минимална плата, дека бараме за 100 евра зголемување на сите останатите плати, да бараме почитување на колективните договори за зголемување на платите и дека бараме пристојна плата за секоја работа, истакна Слободан Трендафилов, претседател на ССМ. 

Од зборното место, членовите на овој синдикат и претставници од други  синдикати се упатија кон Собранието, а потоа протестниот марш ќе продолжи кон Стопанска комора и пред Владата за да ги соопштат нивните барања.

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) најави дека нема да учествува на протестот, бидејќи претседателот Благоја Ралповски смета дека во земјава има добар социјален дијалог и дека проблемите „секогаш се решаваат на маса“.

Меѓународниот ден на трудот е државен празник во над 80 земји во светот.  Се одбележува на 1 Мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што во 1886 година се одржал во Чикаго на кој се барало осумчасовно работно време. Во 1889 година на основачкиот конгрес на Втората интернационала е донесена Декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации со цел да се подобри нивната положба. Оттогаш во повеќето држави низ светот се одржуваат протестни маршеви.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шумските пожари меѓу Ерусалим и Тел Авив во Израел беснеат на 11 локации

Следно

Калас: ЕУ подготвува план „Б “доколку Трамп ги напушти преговорите за Украина

Latest from Blog

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност. Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од

Рустемовски блеска на ЕП, има загарантиран медал од континеталниот собир

Македонскиот боксер Ален Рустемовски се пласираше во полуфиналето на Европскоот сениорско првенство во Софија. Нашиот преставник во денешната четвртфинална пресметка беше убедлив и со 4:1 го совлада ерменскиот боксер Артур Бажејан. Со

Бугарија не дозволи влез на над два тона македонско кисело млеко

Бугарските инспекциски служби спречиле влез на пратка од над два тона кисело млеко од Македонија, откако при контролата биле утврдени несовпаѓања меѓу придружната документација и ознаките на производите. Пратката била запрена на
Go toTop