Калас: ЕУ подготвува план „Б “доколку Трамп ги напушти преговорите за Украина

May 1, 2025
1 min read

„Европската унија подготвува план „Б“ за тоа како да ги одржи економските санкции против Русија доколку администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги напушти мировните преговори за Украина и се приближи кон Москва, изјави за Фајненшл тајмс високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас. 

„Гледаме знаци дека тие размислуваат да ја напуштат Украина и не се обидуваат да постигнат договор со Русите затоа што е тешко“, рече Калас, осврнувајќи се на политиките што доаѓаат од преку барфата, пренесе Ал Џезира. 

Британските медиуми пренесуваат дека Калас, исто така, рече дека се во тек разговори со Вашингтон и други меѓународни партнери за да се обезбеди останување на сила на режимот на западни санкции кон Русија. 

Американскиот државен секретар  Марко Рубио, изјави дека наскоро мора да се постигне мировен договор меѓу Русија и Украина и дека Вашингтон се обидува да утврди дали вреди да продолжи да дејствува како посредник во овој процес. 

„Не можеме да продолжиме да посветуваме време и ресурси на овие напори ако тие нема да вродат со плод“, рече Рубио во емисијата „Meet the Press“ на Ен-Би-Си. 

Тој не кажа колку долго администрацијата на Трамп е подготвена да чека за да се постигне напредок.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ССМ го почна првомајскиот протест за повисоки плати и поголеми права на работниците

Следно

Министрите јадат, народот плаќа – потрошиле 30.000 евра за четири месеци по ресторани

Latest from Blog

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност. Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од

Рустемовски блеска на ЕП, има загарантиран медал од континеталниот собир

Македонскиот боксер Ален Рустемовски се пласираше во полуфиналето на Европскоот сениорско првенство во Софија. Нашиот преставник во денешната четвртфинална пресметка беше убедлив и со 4:1 го совлада ерменскиот боксер Артур Бажејан. Со

Бугарија не дозволи влез на над два тона македонско кисело млеко

Бугарските инспекциски служби спречиле влез на пратка од над два тона кисело млеко од Македонија, откако при контролата биле утврдени несовпаѓања меѓу придружната документација и ознаките на производите. Пратката била запрена на
Go toTop