Македонскиот боксер Ален Рустемовски се пласираше во полуфиналето на Европскоот сениорско првенство во Софија. Нашиот преставник во денешната четвртфинална пресметка беше убедлив и со 4:1 го совлада ерменскиот боксер Артур Бажејан.
Со оваа победа Рустемовски сигурно си обезбеди медал на континенталниот собир, но сигурно дека неговите цели и „апетити“ се пласман во финалето и атак на златото. Следен ривал на Рустемовски ќе биде Аидер Абдураимов од Украина.

Рустемовски на ова ЕП само потврдува дека се наоѓа во одлична форма. Пред само еден месец, тој освои бронзен медал и на Медитеранските игри.
Извор: sportmanija.mk


