Курти за Еуроактив: Договорот меѓу Приштина и Белград е можен до крајот на годината

February 27, 2023
1 min read

Косовскиот премиер, Албин Курти, денеска за Еуроактив во Брисел изјави дека до крајот на оваа година е можен договор меѓу Белград и Приштина.

Пред средбата во Брисел, Курти кажа дека Белград и Приштина имаат за цел годинава да склучат важен договор за нормализација на односите и дека тој нема да биде гладок и покрај зголемениот ангажман на Западот.

-Ни треба нормализација на односите, а тоа може да се постигне со взаемно признавање како централен дел на договорот, рече Курти и наведе дека Белград е категоричен дека нема формално да ја признае независноста на Косово, но дека, според него, „може да се договори за ’де факто“ признавање“.

Кажа и дека тоа што остана да се преговара нема да биде воопшто лесно, а тоа се механизмот за имплементација, меѓународните гаранции и временскиот редослед на потезите, што, како и кога.

Говорејќи за формирањето на Заедницата на српските општини, Курти тврди дека српскиот претседател Александар Вучиќ „се уште бара територијален етнонационализам“.

„Во суштина тој би ја користел Заедницата на српски општини како нова Република Српска. Од друга страна, се надевам дека кога ќе ги отвориме преговорите, потпирајќи се на предлогот на ЕУ, ќе ја зголемиме довербата, бидејќи договорите не можат да се спроведат ако нема доверба, затоа ни треба одредено ниво на искреност“, рече Курти.

Според косовскиот премиер, потпишувањето на договорот и неговото спроведување на Балканот се две различни планети и треба да се „донесат на ист континент“.

„Србија не примени две третини од договорите потпишани во Брисел во претходните децении“, тврди Курти.

Тој рече дека актуелниот предлог на ЕУ во својата преамбула ќе се однесува на „националните малцинства“ и на „универзалните концепти“ како независност, територијален интегритет, суверенитет, реципроцитет, човекови права, демократија, владеење на правото и самоопределување.

„Тоа што ме прави оптимист е фактот што во овој предлог се користат одредени универзални концепти и термини, за разлика од деценијата пред да дојдам на власт, каде што 33 договори повеќе се засноваа на идеологијата за решавање на проблемите“, рече Курти.

Според него, претходните предлози биле премногу сложени и детални и затоа било тешко „да се продадат на јавноста“, додека последниот има само едрн голем камен на сопнување, а тоа е формирање моноетничко здружение.

„Треба да се има предвид дека имате национални малцинства на целиот Балкан, а нивните права не можат да бидат идентични. Но, без оглед на тоа, ние нема да ги создадеме овие нерамнотежи, кои стануваат извор на дополнителни тензии“, рече тој. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Академијата за судии и јавни обвинители потпишаа Меморандум за разбирање

Следно

Папата Франциск кон крајот на април ќе ја посети Унгарија

Latest from Blog

Влатко Стефановски одржа концерт за паметење

Легендарниот Влатко Стефановски прослави 50 години кариера со одличен тричасовен концерт во Филхармонија, како последна станица од регионалните концерти со специјални гости. Гитарскиот виртуоз заедно со бендот одржа еден вид мастерклас и

Полскиот амбасадор Бримора: Работиме на приближување на ставовите на Скопје и Софија, спроведете реформи, вратите за ЕУ се отворени

Полскиот амбасадор во земјава Мариуш Бримора во интервју за МИА вели и во Брисел на билатерално ниво се работи на приближување на ставовите меѓу Скопје и Софија. Тој нагласува дека полското претседателство

Парламентарни избори во Албанија: Рама се надева на четврти мандат, Бериша на враќање на власт по 12 години

Во Албанија денеска се одржуваат 11. по ред парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим, на кои правото на глас од 7 до 19 часот треба да го искористат 3.721.116,  од нив

Победниците на Istanbul Photo Awards: Визуелното раскажување приказни е клучно за разоткривање на суровата реалност

ИСТАНБУЛ (АА) – Визуелното раскажување приказни е важно за расветлување на суровите реалности, изјави палестинскиот фотограф Саид Џарас, кој ја освои наградата за фотографија на годината на овогодинешниот „Istanbul Photo Awards“, известува
Go toTop