Европа во себе има нешто вечно: хемикалии

February 26, 2023
1 min read

Мапата покажува дека пер- и полифлуоралкални супстанци (PFAS), фамилија од околу 10.000 хемикалии кои се употребливи заради нивните нелепливи и детергентски својства, се имаат пробиено во водите, почвата и седиментите на Европа, а дошле од огромна палета производи, противпожарни пени, отпад и индустриски процеси.  

Две PFAS супстанци се поврзани со дузина здравствени проблеми. Едната (PFOA) има линкови со рак на бубрези и тестиси, тироидни болести, чир, зголемен холестерол и притисок. Другата (PFOS) е асоцирана со репродуктивни и развојни проблеми, болести на црн дроб, бубрези и тироида.

Овие хемикалии се пронајдени на 17.000 локации на континентот. На 640 локации ги има со концентрации над 1.000 нанограми на литар вода а на 300 дури и преку 10.000 нанограми.

„Вакви концентрации ме загрижуваат,“ вели хемичар од Универзитетот во Ланкастер. “До овие води пристап имаат и луѓе и домашни и диви животни“.

Мапата покажува дека Белгија е земја со највисоки концентрации на вакви загадувачи. Нивниот „ПФАС Чернобил“ се наоѓа во регионот на едно фламанско село каде има голем хемиски производител. На луѓето кои живеат во периметар од 15 километри им е кажано да не садат ништо во своите бавчи а на оние кои се до 5 километри од фабриката им се нудат редовни прегледи на крвта. Хемиската индустрија ветува дека ќе прекине со ова производство до 2025 година.

Во Холандија најголеми концентрации на „вечни хемикалии“ има околу амстердамскиот аеродром Скипол а во Велика Британија околу хемиската фабрика над Блекпул.  Во блиската река, рибите имаат ПФАС супстанци и 11.000 нанограми во еден килограм.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

КРОВОТ НА ШТИПСКИОТ ДОМ НА КУЛТУРАТА ЌЕ БИДЕ ЦЕЛОСНО ПОКРИЕН СО ФОТОВОЛТАИЧНИ ПАНЕЛИ, СЕ ПЛАНИРА ГОДИШНА ЗАШТЕДА ОД 15.000 ЕВРА

Следно

Обвинителство: Издадена е наредба за обдукција, загинатото девојче во Илинден имало 14 години

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop