ОЈО-ГОКК: Предлогот на обвинителството за определување на мерка притвор не е прифатен

March 12, 2025
1 min read

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по информациите што се пренесуваат во одредени медиуми, ја информира јавноста дека Основниот кривичен суд Скопје ги достави решенијата на судијата на претходна постапка со кои за четворица осомничени е прифатен предлогот на обвинителството и им е определена мерка притвор. За едно лице осомничено за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело предлогот на обвинителството за определување на мерка притвор не е прифатен и е определена мерка куќен притвор.

Во образложението на Решението е истакнато дека судијата на претходна постапка при донесување на одлуката ги имал предвид околностите истакнати во предлогот на обвинителството, но во исто време ги имал предвид и субјективните околности што се на страна на осомничениот, односно дека истиот со одлука на Основен граѓански суд Скопје е старател на неговите четири деца, од кои три се малолетни, дека има оформени цврсти врски со државата и сопствена фирма со повеќе вработени, како и дека неговата здравствена состојба е нарушена за што доставил документација.

Сите овие околности, како што е истакнато во решението, одат во прилог на намален ризик од бегство и во насока на оправданост за определување на поблага мерка за обезбедување на присуство. Така, Судијата на претходна постапка не прифаќајќи го предлогот на обвинителството одлучил на осомничениот да му изрече мерка куќен притвор, а воедно оценил дека се исполнети условите да му биде изречена и мерка на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна исправа.

Обвинителството во соработка со правосудната полиција презема дејствија во насока на обезбедување на докази за сопственост на движен и недвижен имот на осомничените со цел нивно обезбедување заради понатамошна евентуална конфискација.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пратениците пак, се фатија за етичкиот кодекс, Гаши вика „Собранието стана срамна сцена“

Следно

Митева: Граѓаните допрва ќе ги видат резултатите од релациите кои ги гради Владата на меѓународен план

Latest from Blog

Патрик Винцек објави крај на ракометната кариера

Легендарниот германски ракометар Патрик Винцек денеска го објави своето збогување од овој спорт, по серијата проблеми со повреди што ги имаше овој специјалист за одбрана во последните години. Винцек се поретко можеше

Албанската министерка Балуку: Мора да одговорите, да ја завршите домашната задача и да го изградите Коридорот 8

Албанската министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, имаше ексклузивно интервју за ТВ21 пред тунелот Муриз, кој се очекува да биде отворен утре, 14 март 2025 година. Зборувајќи за важноста на овој

Андоновска во 24 анализа: Жртвата ја повлекува пријавата за насилство кога нема кој да застане зад неа

Обвинителката во Јавното обвинителство Скопје, Спасенка Андоновска во 24 анализа рече дека кога жртвата ќе се одлучи да пријави насилство потребно е да и се даде сигурност и заштита. Според неа, ваквите

Руте до Трамп: „НАТО треба да произведе повеќе оружје“

ВАШИНГТОН (АА) – НАТО треба да произведе поголеми количини оружје, рече денес генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, за време на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, јавува Анадолу.

Ласовска: Очекуваме да си дадат оставка членовите на Судски совет, со тоа да покажат дека ја разбираат недовербата на органот кој ги избрал

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска вечерва во „Click Plus“ на ТВ21 порача дека очекуваат членовите на Судски совет на кои им беше изгласана недоверба да си поднесат оставки. Како што вели, со
Go toTop