Не пропуштајте: Изложба од исклучително вредни дела од колекцијата на Националната галерија

March 12, 2025
1 min read

Во Националната галерија на Македонија, во објектот Чифте амам, е отворена за јавност изложбата под наслов „Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“. Оваа изложба претставува селекција на педесеттина дела (слики и скулптури) на едни од најрано прибавените експонати за нашата колекција, вклучително и исклучително вредни дела, од кои голем дел биле претставени и на првата постојана поставка од формирањето на галеријата.

Мештровиќ Иван, Глава на жена, 1931-32, бронза

Овој избор е само мал дел од исклучителните уметнички остварувања од XIX до средината на ХХ век, во кои ликовниот јазик на врвните мајстори се движи од класицизам до модернизам (преку неоромантизам, импресионизам, сецесија итн.), со акцент на студиозно третирање на фигурата и особено портретот. Ова е ретка можност, во наредните две недели, повторно да се видат овие дела кои предизвикуваат особен интерес кај публиката, а се повремено претставувани во рамките на различни тематски изложби во организација на Националната галерија.

Јовановиќ Паја, Портрет на дама, масло на платно, околу 1920

На изложбата „Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“ се претставени дела од следните автори: Сава Шумановиќ, Стеван Алексиќ, Петар Добровиќ, Матеј Стернен, Константин Данил, Никола Алексиќ, Стефан Тодоровиќ, Весна Соколиќ, Урош Предиќ, Паја Јовановиќ, Матеј Јама, Надежда Петровиќ, Зора Петровиќ, Петар Добровиќ, Влахо Буковац, Крсто Хегедушиќ, Марко Мурат, Леон Коен, Целестин Медовиќ, Никола Граовац, Павел Ѓурковиќ, Владимир Филаковац, Љубо Бабиќ, Коста Хакман, Мирослав Краљевиќ, Коста Милиќевиќ, Стојан Аралица, Лазар Личеноски, Миливој Узелац, Антун Аугустинчиќ, Тома Росандиќ, Иван Мештровиќ, Франо Кршинич, Ристо Стијовиќ.

 

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

119 години старо шише со порака откриено во театар во Единбург

Следно

Нотарот ги најде адресите, но не и поштарот – како завршија 4 илјади тетовски домаќинства на присилна наплата

Latest from Blog

МНР на Бугарија за изјавите на Мицкоски: Уште еднаш демонстрира недоволно разбирање на одлуките на Европскиот суд за човекови права

Попладнево стигна реакција на Министерството за надворешни работи на Бугарија на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. Тие велат дека уште еднаш потсетуваат дека Европскиот консензус од јули 2022 година, одобрен од сите

Калевска во 24 анализа: Интерпелацијата на членовите на Судски совет е груб упад во една од трите власти

Поранешната пратеничка од СДСМ, Снежана Калевска во 24 анализа рече дека интерпелацијата на членовите на Судски совет ја гледа како груб упад во една од трите власти. Според неа, ваквата постапка е

Турската противбродска ракета Атмаџа успешно погоди подводна цел

ИСТАНБУЛ (АА) – Турската противбродска крстосувачка ракета Атмаџа, развиена и произведена во земјата, го заврши својот прв подводен тест за гаѓање, објави денес секретарот на Турските одбранбени индустрии, Халук Ѓорѓун, јавува Анадолу.
Go toTop