Мицкоски: Владата донесе одлука да додели премија на ракометарите во висина од 3 милиони денари

March 11, 2025
1 min read

Претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, ги прими македонските ракометни репрезентативци кои настапија на Светското првенство во ракомет што се одржа во Република Хрватска. Премиерот Мицкоски им честита за борбеноста, пожртвуваноста и претставувањето на Македонија на ова престижно натпреварување.

„Во име на Владата и во мое лично име, сакам од срце да им честитам на нашите ракометари за одличниот настап и за гордоста што ни ја донесоа со своите храбри игри во Хрватска! Вие повторно покажавте дека со борбен дух, посветеност и заедништво можеме да ги поместиме границите на можностите и да ја претставиме Македонија во најдобро светло.

За таа цел Владата донесе одлука да додели премија на ракометарите во висина од 3 милиони денари, како резултат на достоинственото претставување и пожртвуваноста на македонските спортисти во Хрватска.

„Секој ваш натпревар беше доказ за силата на македонскиот спортски дух. Борбата на теренот, срцето што го оставивте за нашиот дрес и поддршката што ја добивте од македонските навивачи се вистински пример за тоа што значи љубов кон татковината“, истакна пред ракометарите премиерот Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ДУИ промовира успешни резултати од сеопфатните партиски реформи и антикорупциски мерки

Следно

Израелската Армија изврши нови рации на окупираниот Западен Брег и приведе уште 30 Палестинци

Latest from Blog

МНР на Бугарија за изјавите на Мицкоски: Уште еднаш демонстрира недоволно разбирање на одлуките на Европскиот суд за човекови права

Попладнево стигна реакција на Министерството за надворешни работи на Бугарија на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. Тие велат дека уште еднаш потсетуваат дека Европскиот консензус од јули 2022 година, одобрен од сите

Калевска во 24 анализа: Интерпелацијата на членовите на Судски совет е груб упад во една од трите власти

Поранешната пратеничка од СДСМ, Снежана Калевска во 24 анализа рече дека интерпелацијата на членовите на Судски совет ја гледа како груб упад во една од трите власти. Според неа, ваквата постапка е

Турската противбродска ракета Атмаџа успешно погоди подводна цел

ИСТАНБУЛ (АА) – Турската противбродска крстосувачка ракета Атмаџа, развиена и произведена во земјата, го заврши својот прв подводен тест за гаѓање, објави денес секретарот на Турските одбранбени индустрии, Халук Ѓорѓун, јавува Анадолу.
Go toTop