Генерал Лафчиски е на состанокот на шефовите на генералштабовите на европските земји за Украина во Париз

March 11, 2025
1 min read

„Информираме дека  началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, учествува на состанокот во Париз, кој ќе се реализира во рамките на парискиот Одбранбен и безбедносен форум, а е во организација на началниците на Генералштабовите на Франција и Обединетото Кралство“, се вели во одговорот на Канцеларијата за односи со јавноста на Генералштабот на АРМ, на прашањето на Рацин.мк дали началникот генерал-мајорот Сашко Лафчиски е на состанокот на началниците на генералштабовите на европските земји чиј домаќин е францускиот претседател Емануле Макрон.

Од КОЈ уште информираат дека „целта на овој состанок е да се презентираат заедничките размислувања на организаторите“.

Како што е познато, францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Париз ќе биде домаќин на началниците на генералштабовите на земјите кои се подготвени да преземат одговорност за Украина и зајакнување на европската безбедност.

Меѓу учесниците има воени претставници од 30 земји од ЕУ и/или НАТО, меѓу кои Велика Британија и Турција. Средбата ќе се одржи во тесна координација со воената команда на НАТО.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Стојковска Серафимовска: По 6 години, ја враќаме обврската на Собранието за објавување на Програма за одбележување јубилејни годишнини

Следно

ДУИ промовира успешни резултати од сеопфатните партиски реформи и антикорупциски мерки

Latest from Blog

Не пропуштајте: Изложба од исклучително вредни дела од колекцијата на Националната галерија

Во Националната галерија на Македонија, во објектот Чифте амам, е отворена за јавност изложбата под наслов „Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“. Оваа изложба претставува селекција на педесеттина дела

119 години старо шише со порака откриено во театар во Единбург

При реставрацијата на Кралскиот театар во Единбург, љубител на театарот открил шише старо 119 години, внимателно скриено зад декоративна круна над сцената. Откритие што ќе го објави Би-би-си открива значајни имиња на

Сиљановска Давкова: Ќе ни значи многу договор за соработка со Азербејџан, очекувањата се големи

Се финализира декларацијата за стратешко партнерство и соработка со Азербејџан, а покрај во енергетиката има многу можности за соработка и во економијата, туризмот, образованието, културата, науката, изјави денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова

Разбиени две криминални групи во Грција за измами со гориво на бензински пумпи

Грчката полиција разбила две криминални групи во Солун и Атина, кои на бензински пумпи инсталирале специјален софтвер со кој се точела помала количина на гориво, со што краделе бензин од граѓаните и

Поранешниот грузиски претседател Саакашвили осуден на девет години затвор поради проневера

Градскиот суд во Тбилиси денеска го прогласи за виновен поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили во случајот за проневера на државни средства и го осуди на девет години затвор, додавајќи три години на
Go toTop