Ѓорѓиевски положи свежо цвеќе пред споменикот на Кузман Јосифовски-Питу

February 24, 2023
1 min read

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и делегација од Општина Кисела Вода, денеска положија свежо цвеќе на споменикот на Кузман Јосифовски-Питу во истоименото училиштето, кое денес го одбележува својот патронат.

– Кузман Јосифовски-Питу има големо значење во македонската историја. Запаметен е како еден од главните организатори на антифашистичкото движење и на НОБ во Македонија, како еден од првите македонски борци кои го добиле одликувањето Народен херој, како лик кој честопати поради своето храбро дело е нарекуван и Гоце Делчев на Народноослободителната борба. И токму затоа сме должни како Македонци да застанеме пред паметникот на овој голем херој и да му оддадеме чест, напиша Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски посочи дека по завршувањето на реконструктивните зафати, ,,Кузман Јосифовски-Питу” 61-та година од постоењето ја започнува како првото целосно инклузивно основно училиште. Објектот има нов кров, термоенергетска фасада, нова сензорна соба, лифт за децата со посебни потреби, пристапни рампи, специјални тоалети, тактилни патеки, што има дополнителна важност ако е знае дека во ова училиште функционира Центар за поддршка на учење на ученици со попреченост.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Претседателот Пендаровски прими претставници на Сојузот на извидници на Македонија

Следно

Тричко и АЕК на мегдан со Вест хем

Latest from Blog

Таму и кралот оди пешки- принцот Вилијам снимен во јавен тоалет на Копакабана (ВИДЕО)

43-годишниот принц од Велс имаше голем број активности за време на неговата посета на Бразил оваа недела, вклучувајќи прошетка околу островот Пакета и посета на статуата на Христос Спасителот. Но, помеѓу посетата

Започнува чистењето на Скопје, Меџити: Ова е почеток на едно ново поглавје за Скопје

По неколку тешки недели, кога Скопје беше преплавено со отпад поради блокади и негрижа, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, заедно со премиерот Христјан Мицкоски и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва излегоа
Go toTop