Турскиот претседател во посета на Малезија, Индонезија и Пакистан на официјални разговори

February 8, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган следната недела ќе престојува во официјална посета на Малезија, Индонезија и Пакистан, соопшти денес директорот за комуникации при турското Претседателството, Фахретин Алтун, јавува Анадолу.

Алтун преку платформата X истакна дека Ердоган патува во трите земји на покана на нивните лидери во периодот од 10 до 13 февруари.

За време на посетите, Ердоган ќе разговара за билатералните односи од сите аспекти и за заедничките чекори за унапредување на соработката преку конкретни проекти, рече Алтун.

По посетата на Малезија, Ердоган ќе копретседава со состаноците на Советот за стратешка соработка на високо ниво во Индонезија и Пакистан, истакна Алтун.

Се очекува да бидат потпишани договори во различни области за зајакнување на правната рамка на билатералните односи, а Ердоган, како што објави Алтун, ќе се сретне и со бизнис заедниците во земјите домаќини.

Тој додаде дека ќе се разговара и за регионални и глобални прашања, со посебен фокус на ситуацијата во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Лудница во Лос Анџелес: Сите сакаат дрес од Дончиќ (ВИДЕО)

Следно

Протестен марш во Неготино во чест на Фросина Кулакова

Latest from Blog

Убиството во Штип организирано преку мобилна апликација

Основното јавно обвинителство во Штип отвори истрага против петмина турски државјани осомничени за убиството на 25-годишен сонародник, што се случи вечерта на 8 мај во угостителски објект на Градскиот плоштад „Слобода“. Судот

Алонсо подготвува историска промена во Мадрид

Во текот на наредните денови, Чаби Алонсо официјално ќе стане тренер на Реал Мадрид, почнувајќи од сезоната 2025/26, а мадридските медиуми веќе пишуваат за првите големи промени кои следат. Марка тврди дека

Денот на Европа одбележан во Скопје со едукативно-забавен настан „Европа низ детските очи“

Во Градскиот парк во Скопје, по повод Денот на Европа, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организираше уникатен настан посветен на децата. Под мотото „Европа низ детските очи“, во Македонија

Утре во Албанија се одржуваат парламентарни избори

Албанските граѓани утре излегуваат на парламентарни избори. Изборите се сметаат за одлучувачки за демократскиот пат на Албанија, нејзината посветеност во борбата против корупцијата и нејзината аспирација за влез во ЕУ. Со повик
Go toTop