Кејн има клаузула – уште зимава можел да си оди од Баерн

February 5, 2025
1 min read

Германскиот весник Bild денеска ексклузивно објави детали од договорот на Хари Кејн со Баерн, откривајќи дека Англичанецот можел да ги напушти Баварците оваа зима.

Кејн има клаузула во договорот со Баерн според која можел да замине за 80 милиони евра во завчера завршениот преоден рок, но ниту еден клуб или не сакал да ја искористи таа опција или не бил свесен за нејзиното постоење.

Очигледно Кејн во овој момент не ни сакал да го напушти Баерн, бидејќи е среќен во Минхен и сака да продолжи да игра за германскиот гигант.

Сепак, Bild пишува дека клаузулата ќе биде активна следната зима, кога ќе треба да се плати уште помала сума за еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Откупната клаузула тогаш ќе биде 65 милиони евра, а Баерн на тој начин се соочува со заминување на својата главна ѕвезда, која, според многумина, сега ја има отворена вратата за враќање во Премиер лигата, каде што претходно настапуваше за Тотенхем.

Тотенхем го продаде Кејн на Баерн за 95 милиони евра летото 2023 година, а оттогаш Англичанецот постигна 70 голови и забележа 22 асистенции на 72 натпревара.

Според Bild, Баерн веќе се подготвува за заминување на Кејн и неодамна преговарал со челниците на Лајпциг за трансфер на Словенецот Бенјамин Шешко.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пентагон развива планови за повлекување на американските трупи од Сирија

Следно

Туркије: Петелот што се онесвести додека кукурикаше, стана интернет-сензација

Latest from Blog

Рубио тврди дека Трамп понудил многу дарежлива помош за обновата на Газа

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска го бранеше контроверзниот предлог на претседателот Доналд Трамп САД да го „преземат“ Појасот Газа, опишувајќи го како „многу дарежлива“ понуда насочена кон обнова

Ристески: Владата со зелено светло за утврдување на нова минимална плата

Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески во гостувањето на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува’’, говореше за транспарентноста и чесното работење на Владата, во однос на договорот за минимална плата, каде што е

Уставен утврди: Еролд Муслиу не бил дискримиран при разрешувањето од директор на Агенцијата за разузнавање

Уставниот суд утврди дека нема дискриминација во одлуката за разрешување на Ерол Муслиу, директор на Агенцијата за разузнавање, на 28 јуни 2024 година. Судијката Ана Павловска Данева изјави дека Судот едногласно констатирал

По одлуката на Уставен суд за укинување на Данокот за солидарност, Министерството за финансии на богатите газди, веднаш ќе им исплати 50 милиони евра

 Министерство за финансии ќе постапи по Одлуката на Уставниот суд по нејзиното објавување во Службен весник и ќе ги сервисира создадените обврски од Буџетот.  Од Министерството за финансии, посочуваат дека нема да

Тајмс оф Израел: Зад изјавата на Трамп за „преземање“ на Газа стои неговиот зет Џаред Кушнер

Поранешниот советник на Белата куќа и зет на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, се вели дека стои зад планот на неговиот „дедо“ за тоа САД да го „преземат“ Појасот Газа и
Go toTop