Муртезани: Од бугарска страна стигнуваат пораки за подготвеност за дијалог

February 5, 2025
1 min read

Претставникот на Бугарија во Работната група за проширување на ЕУ ми пренесе дека бугарската страна е подготвена за разговори и упатува позитивни пораки за воспоставување на дијалог, изјави за МИА министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој од вчера престојува во дводневна работна посета на Брисел.

– Мислам дека се создава добра средина, која што мора да ја искористиме не само да воспоставиме дијалог, кој мора да го има помеѓу соседните земји за да се градат добрососедските односи, туку и простор што ќе не води кон заедничко прифатливо решение, кое конечно ќе не внесе во ЕУ, истакна Муртезани.

Вчера и денеска Муртезани имаше средби со претседателот на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСЦ), Оливер Ропке, со генералниот директор на Генерален директорат за проширување и источно соседство (ДГ ЕНЕСТ), Герт Јан Копман, со извршниот директор за Европа во Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), Мати Масикас, како и со и хрватскиот европратеник Карло Реслер и со известителите на ЕП во сенка за земјава, Тајс Ројтен и Матеј Тонин.

На овие средби, според Муртезани, станало збор за динамиката на спроведување на реформите генерално, а особено оние коишто се дел од Реформската агенда во рамки на Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан.

– Ја искористив приликата да разговараме и за нашиот интегративен процес. Потполно сме свесни за пречките коишто стојат пред нас и коишто не превенираат од отворање на преговорите за да станеме полноправна членка на Европската Унија, како што потполно сме свесни за моментот којшто диктира дека брзо мора да најдеме решение за да го истрчаме овој последен дел од 20-годишниот маратон, рече Муртезани.

Тој на средбите апелирал до сите претставници на ЕУ дека е потребен потег од Брисел за да ги почнеме преговорите, имајќи предвид дека нашиот случај се соочува со долгогодишни билатерални спорови.

– За да продолжиме успешно напред, мора од Брисел да има ехо коешто ќе не увери дека понатамошни ирационални билатерални прашања нема да ни го блокираат процесот на водење на преговорите, коишто за граѓаните се уште се најголемиот стратешки приоритет, додаде Муртезани.

Во рамки на посетата, попладнево Муртезани ќе има средба со еврокомесарката за проширување Марта Кос, на која ќе се разговара за споредувањето на Реформската агенда, како и за Самитот на земјите од Западниот Балкан кој што треба да се одржи во Скопје во втората половина на март.

– Исто така, ќе разговараме и за сите потребни технички процедури коишто ги привршуваме за да бидеме и формално-правно спремни за отворање на преговорите, како и за сите начини како да се воспостави дијалог и како со помош на ЕУ да стигнеме до заедничко прифатливо решение, додаде Муртезани.

Утре Муртезани од Брисел патува за Атина на средба со претставници со грчките власти, со кои ќе разговара за билатералните односи и за поддршката на Грција за нашиот европски пат. Муртезани е првиот член на новата Влада кој ќе ја посети Грција.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Николоски: Сè уште нема договор со Бугарија за заедничката изградба на тунелот на пругата од Коридорот 8

Следно

Се уште нема договор со Бугарија за заедничката изградба на тунелот на пругата од Коридорот 8

Latest from Blog

Уставен утврди: Еролд Муслиу не бил дискримиран при разрешувањето од директор на Агенцијата за разузнавање

Уставниот суд утврди дека нема дискриминација во одлуката за разрешување на Ерол Муслиу, директор на Агенцијата за разузнавање, на 28 јуни 2024 година. Судијката Ана Павловска Данева изјави дека Судот едногласно констатирал

По одлуката на Уставен суд за укинување на Данокот за солидарност, Министерството за финансии на богатите газди, веднаш ќе им исплати 50 милиони евра

 Министерство за финансии ќе постапи по Одлуката на Уставниот суд по нејзиното објавување во Службен весник и ќе ги сервисира создадените обврски од Буџетот.  Од Министерството за финансии, посочуваат дека нема да

Тајмс оф Израел: Зад изјавата на Трамп за „преземање“ на Газа стои неговиот зет Џаред Кушнер

Поранешниот советник на Белата куќа и зет на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, се вели дека стои зад планот на неговиот „дедо“ за тоа САД да го „преземат“ Појасот Газа и

Дујовски во Аргумент плус: Покрај законските измени во однос на казнената политика во сообраќајот потребно е и подобрување на сообраќајната инфраструктура

Професорот на факултетот за безбедност Никола Дујовски во Аргумент плус рече дека очекува плодна дискусија во петок во Собрание за законските измени во однос на казнената политика во сообраќајот. Според него покрај

Ердоган се сретна со Штајнмаер во Анкара

АНКАРА (АА) – Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган во Анкара се сретна со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, известува Анадолу. Ердоган го прими Штајнмаер во Претседателската палата во турската престолнина. Директорот
Go toTop