ЖИЛИЕТ БИНОШ ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ЖИРИТО ВО КАН

February 5, 2025
1 min read

Француската актерка Жилиет Бинош ќе биде претседателка на жирито на 78. издание на Канскиот филмски фестивал, кој ќе се одржи од 13 до 24 мај. Ова е вторпат жена две години по ред да биде на чело на фестивалското жири, откако лани претседателка беше американската режисерка Грета Гервиг.

Легендарната француска глумица е ѕвезда на Кан низ годините. Таа првпат се појави на фестивалот пред 40 години, со премиерата на „Средба“ на Андре Тешине. Оттогаш уште многупати беше во Кан со нови филмови, како „Три бои: Синa“ на Кшиштоф Кишловски, „Скриено“ на Михаел Ханеке и „Сертификувана копија“ на Абас Кјаростами.

Бинош, актуелна претседателка на Европската филмска академија (ЕФА), е актерка, уметница и танчерка родена во Париз, која ги доби наградите Оскар, БАФТА, Европска филмска награда, Наградата на Здружението на филмски актери и Златниот глобус за улогата во филмот „Англискиот пациент“ од 1996. Бинош, исто така, е единствена жена што ги освоила признанијата за најдобра женска улога на сите три главни европски филмски фестивали – Златната палма во Кан за „Сертификувана копија“ (2010), актерската награда во Венеција за „Три бои: Сина“ (1993) и берлинската Сребрена мечка за „Англискиот пациент“ (1996).

„Во 1985 за прв пат чекорев по скалите со ентузијазам и неизвесност на една млада актерка. Никогаш не замислував дека ќе се вратам 40 години подоцна во почесната улога на претседателкa на жирито. Ја ценам привилегијата и одговорноста“, изјави Бинош.

Последен пат кога две жени беа последователни претседателки на жирито во Кан беше во 1966 година, кога Софија Лорен ја наследи Оливија де Хавиланд.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вистинска среќа е што ЈСП успеа да ги смени лепенките со погрешен превод во новите автобуси

Следно

Трајкоска-Стрезоски: Оваа генерација е најбројна до сега, 97 кандидати за судии и обвинители успешно го завршија завршниот испит

Latest from Blog

Германија вели дека Газа им припаѓа на Палестинците, каков било план за протерување би бил „неприфатлив“

БЕРЛИН (АА) – Германија денес категорично го отфрли планот на американскиот претседател Доналд Трамп да ја „преземе“ Газа и трајно да го пресели нејзиното палестинско население во други земји, јавува Анадолу. Министерката

Јанев: Интерпол во нас препознава кредибилен партнер за соработка

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев ја предводи делегацијата на БЈБ која е во прва официјална посета на Интерпол во Лион, Франција. Посетата се одвива на покана на генералниот секретар Валдеси

Радари и цивилни патроли низ Скопје во три смени – Експерти: Мерките се задоцнети, неказнивоста носи трагични последици

Полицијата ги засили контролите во главниот град. Сите полициски станици најавуваат засилени контроли и строги санкции за возачите што ја пречекоруваат дозволената брзина. Старите мобилни радари што ги поседуваат се насекаде низ

Балетското ремек дело „Есмералда“ премиерно на сцената на Националната опера и балет

Ремек-делото на класичната балетска уметност „Есмералда“  од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 7 февруари со почеток во 20.00 часот. Приказната за убавата

Трендафилов: Ако престанеме да ја пресметуваме синдикалната кошничка, дали ќе живееме подобро?

Минималната синдикална кошничка повторно е мета на критики, но според претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, тоа е директен напад врз платите на работниците. По забелешките на премиерот Христијан Мицкоски дека во пресметката
Go toTop