Нови земјотреси регистрирани во морскиот дел во близина на грчкиот остров Санторини

February 5, 2025
1 min read

Во текот на ноќта во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос повторно беа регистрирани низа земјотреси, од кои четири со јачина од над четири степени, додека во текот на денот ќе се одржи нов состанок со учество на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за процена на ситуацијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) Ефтимиос Лекас, говорејќи за грчката телевизија ЕРТ утрово објасни дека постојат две сценарија за сеизмичката активноста, едното, позитивно сценарио е да се случи земјотрес со јачина од 5,5 степени без посериозни штети и „во овој случај, ситуацијата постепено ќе деескалира“

Второто, екстремното сценарио, според Лекас предвидува земјотрес од 6-6,2 степени и „доколку се случи тоа, сигурно ќе имаме одредени последици и затоа се преземени сите неопходни оперативни мерки“.

Дополнително оцени дека големиот расед кај островот Аморгос, што го предизвика земјотресот од 7,7 степени во 1956 година, „не е активиран“.

– На овој расед му се потребни илјадници години за да се надополни со енергија. Поминаа само 70 години од претходниот земјотрес, така што невозможно е да се активира, изјави професорот за ЕРТ.

Интердисциплинарниот комитет за управување со опасности и кризи при Националниот универзитет во Атина вчера соопшти дека од јуни во во близина на Санторини биле регистрирани над 2.500 земјотреси.

Според процените во Грција, во изминатите денови, поради земјотресите островот го напуштиле над 10.000 лица, а пред сè станува збор за работници кои на Санторини се во пресрет на новата туристичка сезона, но и локално население.

Утрово се очекува да одржат состанок надлежните комисии во Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција, додека за 13 часот е закажан нов состанок за сеизмичка активност во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос на кој ќе присуствува и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Од понеделникот училиштата на Санторини и соседните острови Иос, Аморгос и Анафи се затворени до крајот на седмицава, а до граѓаните постојат препораки да избегнуваат големи собири во внатрешноста на објектите; да избегнуваат пристап во напуштени објекти; да избегнуваат пристап и престој во пристаништа Амуди, Армени, Крфос и старото пристаниште во Фира; да ги отстранат опасните непотребни предмети на објектите и да ја испразнат водата од базените; да изберат безбедни рути при движењето по градските и локалните патни мрежа, поради опасност од појава на одрони и итно да се евакуираат крајбрежните области во случај на силен земјотрес.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Турскиот министер за надворешни работи: Сирија нема планови за федерација и автономни региони

Следно

Османи во посета на Вашингтон

Latest from Blog

По одлуката на Уставен суд за укинување на Данокот за солидарност, Министерството за финансии на богатите газди, веднаш ќе им исплати 50 милиони евра

 Министерство за финансии ќе постапи по Одлуката на Уставниот суд по нејзиното објавување во Службен весник и ќе ги сервисира создадените обврски од Буџетот.  Од Министерството за финансии, посочуваат дека нема да

Тајмс оф Израел: Зад изјавата на Трамп за „преземање“ на Газа стои неговиот зет Џаред Кушнер

Поранешниот советник на Белата куќа и зет на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, се вели дека стои зад планот на неговиот „дедо“ за тоа САД да го „преземат“ Појасот Газа и

Дујовски во Аргумент плус: Покрај законските измени во однос на казнената политика во сообраќајот потребно е и подобрување на сообраќајната инфраструктура

Професорот на факултетот за безбедност Никола Дујовски во Аргумент плус рече дека очекува плодна дискусија во петок во Собрание за законските измени во однос на казнената политика во сообраќајот. Според него покрај

Ердоган се сретна со Штајнмаер во Анкара

АНКАРА (АА) – Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган во Анкара се сретна со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, известува Анадолу. Ердоган го прими Штајнмаер во Претседателската палата во турската престолнина. Директорот
Go toTop