ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Алексовска Стојановска да одговорат дали судијката ги финансирала или пак тие ја подмитувале со кирија за изнајмен деловен простор?

February 5, 2025
1 min read

СДС го партизираше правосудниот систем во Македонија. СДС во Струмица ги бираше судиите кои после изборот, наместо по закон, судеа по партиска директива и тоа секој ден, се повеќе излегува на површина, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Блискоста на СДС со судиите се гледа и во примерот со судијката Даниела Алексовска Стојановска, која им отстапила дел од својот дом за партиски општински штаб. Се поставува прашањето дали со ваквиот гест, судијката Даниела Алексовска ја финансирала СДС, или пак додека СДС биле на власт ја поткупувале, односно ја подмитувале, нејзе со кирија? За ова одговори треба да дадат судијката Даниела Алексовска Стојановска, како и претседателот на СДС, Венко Филипче кои треба да кажат како е уреден односот за користење на просторот од страна на СДС во куќата на судијката во Ранковце. Треба да се даде одговор дали СДС плаќала кирија за закуп на дел од семејната куќа на судијката и ако плаќала, колку таа изнесувала? Исто така, треба да се одговори дали СДС киријата ја плаќале на сметка или на рака, во готово? Или пак, доколку СДС не плаќале кирија за изнајмување на просторот, истите треба да одговорат дали пријавиле донација од страна на судијката, во форма на отстапување на користење на деловен простор без паричен надоместок? Ова е сериозно прашање кое ја поткопува независноста на судството и ја покажува страната на тесната испреплетеност на судиите со политиката и за тоа што поскоро треба да се изјаснат и да дадат одговори СДС и судијката Алексовска Стојановска. Од друга страна пак, Судски совет веќе треба да почне да работи и да донесе одлука со која ќе ја разреши истоимената судијката, која полнолетен нарко дилер испратила во поправен дом, наместо да го испрати директно во затвор, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Аргументите се многубројни и на очиглед на целата македонска јавност и Судски Совет веќе не може да се прави дека не ги гледа. Која и да било ситуација да е точна од овие поставени дилеми, сериозно ја поткопува работата и независноста и само поради тоа Даниела Алексовска Стојановска повеќе не смее да биде судијка. Народот очекува и веќе одговорност во Македонија мора да има, додаваат од владејачката партија.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Наутро ведро и студено, преку денот сончево време

Следно

Ракот водечка причина за смртност во Грција

Latest from Blog

Министерот Мисајловски со новоназначениот амбасадор во земјава, Палминтери: Силно посветени на македонско – италијанската соработка

Министерот Владо Мисајловски денеска (5 февруари) во Министерство за одбрана се сретна со новоназначениот амбасадор на Италија, Паоло Палминтери и одбранбеното аташе, полковникот Кристијан Маргерити. Мисајловски му посака добредојде на амбасадорот Палминтери

Се уште нема договор со Бугарија за заедничката изградба на тунелот на пругата од Коридорот 8

Се уште нема договор, кога би имало би го објавиле, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со заедничката изградба на тунелот на железничката

Муртезани: Од бугарска страна стигнуваат пораки за подготвеност за дијалог

Претставникот на Бугарија во Работната група за проширување на ЕУ ми пренесе дека бугарската страна е подготвена за разговори и упатува позитивни пораки за воспоставување на дијалог, изјави за МИА министерот за

Николоски: Сè уште нема договор со Бугарија за заедничката изградба на тунелот на пругата од Коридорот 8

Сè уште нема договор, кога би имало би го објавиле, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со заедничката изградба на тунелот на железничката

Зеленски: САД заработија милијарди долари од војната во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервјуто објавено на ЈуТјуб каналот на „Пирс Морган нецензурирано“ (Piers Morgan Uncensored) изјави дека САД заработиле милијарди долари од војната во Украина, благодарение на големите договори
Go toTop