86 претпријатија освоиле грантови од ФИТР – Халили: Ова е доказ дека Фондот е вистинскиот дом за компаниите

October 4, 2023
1 min read

реклама

Ова се претставниците на победничките компании од јавниот повик за „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст“. Со овој повик Фондот за иновации и технолошки развој вкупно 4.4 милиони евра ги распределуваа за поддршка на 86 домашни претпријатија за да ги реализираат своите иновативни проекти.

„семејството на ФИТР од денеска се зголемува за 86 нови претпријатија и со оваа бројка, портофлиото на ФИТР брои 1.153 кофинансирани проекти кои реализирале, реализираат или ќе започнат со реализација со проекти во вкупна вредност од 130 милиони евра. Ова е јасен показател дека Фондот за иновации и технолошки развој е вистински дом за сите микро, мали и средни претпријатија“, вели Фестим Халили.

реклама

Министерот за образование, Јетон Шаќири, како претставник на Владата, го поздрави овој проект и им посака добра соработка на претпријатијата и ФИТР. Тој рече дека ова е добар пример за соработка меѓу институциите и компаниите во однос на забрзување на економскиот раст.

„Ние, со формирањето на Фондот за иновации како институција и со поддршката што ја дава директорот за бизнис секторот и проектите кои мора да се одобрат, а бидејќи овие 86 проекти се добар пример, е доказ како треба да соработуваме во процесите кои се важни за тоа што сите го сакаме и имаат технолошки развој и забрзан економски раст“, порача Јетон Шаќири.

реклама

Според директорот на Фондот за иновации, со ова се поттикнува технолошкиот развој и економскиот раст во екосистемот на стартапи и екосистемот на микро компании, мали и големи компании кај нас. Инаку, Фондот за иновации досега кофинансирал 1153 претпријатија, поддржал 123 училишта и 900 ученици и ментори.

реклама

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кабинетот на Пендаровски: Се реализира заложбата на претседателот за исклучување на аболицијата од правниот систем

Следно

Адеми: Координаторите на пратенички групи беа запознати со Предлог-законот за амнестија

Latest from Blog

Македонката Елена Митревска од 1 јануари ќе биде уметничка директорка на двата хора на Данското Радио

Македонската диригентка Елена Митревска од 1 јануари ќе биде уметничка директорка на двата хора на Данското Радио. „Воодушевени сме што започнуваме блиска нова соработка со Елена Митревска како уметничка директорка. Со нејзиниот

Во Москва почна парадата на победата над фашизмот, Путин: Наша должност е да ја браниме руската армија

Осумдесет години по завршувањето на Втората светска војна, Русија денеска ја одбележува победата на Советскиот Сојуз над фашизмот со традиционална парада, која започна во Москва во 10 часот по локално време со

Уапсен е убиецот на 25 годишниот странски државјанин

Лицето кое синоќа го уби 25 годишниот Е.О, странски државјанин, во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип е уапсено, информираат од Јавното обвинителство. -Основното јавно обвинителство Штип е известено
Go toTop