85-годишна жена спасена од урнатините по 107 часа (ВИДЕО)

1 min read

85-годишната Зејнеп била спасена откако поминала 107 часа во урнатините.

Жената повеќе од четири дена била заробена во урнатините на станбена зграда во градот Адијаман во југоисточна Турција, пишува „Скај њуз“.

Humanitarian Relief сподели видео на „Твитер“ на кое се гледа една постара жена моменти откако била извлечена од урнатините.

На видеото се гледа 85-годишна жена како седи завиткана во ќебе додека спасувачите комуницираат со неа.

Таа е една од стотиците луѓе кои беа извлечени од урнатините на уништените згради во Турција по силните земјотреси во понеделникот.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Шефот на „Белите шлемови“: ОН мора да му се извинат на сирискиот народ

Следно

Реконструкцијата на владата ќе добие поддршка од најмалку 64 пратеници, смета новинарот Џелал Незири

Latest from Blog