Screenshot

80 години гордост, страст и традиција – Битола го слави јубилејот на ФК Пелистер

October 13, 2025
1 min read

Во градот под Пелистер, каде што со децении се негува љубовта кон фудбалот, годинава се испиша нова блескава страница во историјата на македонскиот спорт. ФК Пелистер го прослави својот голем јубилеј, 80 години постоење, осум децении исполнети со победи, емоции, предизвици и непоколеблива љубов кон зелено-белата боја.

Во рамките на одбележувањето на големиот јубилеј, беа доделени награди на најзаслужните личности кои низ годините оставија длабока трага во развојот и успехот на клубот – фудбалери, тренери, спортски работници и верни поддржувачи кои ја чуваа жива искрата на Пелистер низ сите добри, но и турбулентни времиња.

Јубилејот беше заокружен со пријателски натпревар од посебно значење, на кој Пелистер ги одмери силите со романскиот гигант ФК Динамо Букурешт. На трибините се почувствува магијата на фудбалот, а на теренот, гордоста на Битола. Со сигурна и инспирирана игра, Пелистер славеше со 2:0, покажувајќи дека духот на клубот е посилен од кога било.
Но, ниеден момент не би бил ист без срцето и душата на битолскиот спорт, Чкембарите. Верните навивачи, кои годинава прославија 40 години постоење, ја претворија атмосферата во вистински спектакл. Со своето препознатливо навивање, транспаренти и зелено-бели факли, тие уште еднаш покажаа дека љубовта кон Пелистер не е само страст, туку тоа е начин на живот.

 

Битола сјаеше во боите на клубот. Во чест на овој јубилеј, Саат кулата, Офицерскиот дом и античкиот локалитет Хераклеа беа обоени во боите на Пелистер, како симбол на вечност, сила и надеж. Градот дишеше во ритамот на љубовта кон најсветиот симбол на битолскиот спорт.

Осум децении впишана историја, стотици генерации, илјадници спомени….затоа ФК Пелистер е гордост, идентитет и легенда која продолжува да се пишува со секој натпревар, со секоја песна и со секој глас од трибините.

Нека се множат годишнините и јубилеите на ФК Пелистер, симболот на Битола, кој ќе остане вечно обележје на македонскиот фудбал.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Битола осветлена во чест на ФК Пелистер – Коњановски: Заедно ја пишуваме историјата

Следно

Паунов: Нови тротоарски површини во центарот на општина Карбинци за поголема безбедност но и модерен урбан лик

Latest from Blog

„Киро Крстески – Платник“ ќе добие нов сјај – проект на Проданоски

Кандидатот за градоначалник на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, ја претстави својата визија за хуман и инклузивен град преку конкретен проект насочен кон највозрасните сограѓани. „Нашата програма се темели на реални и остварливи

Научниците открија истекување на метан на морското дно кај Антарктикот

Метан – невидлив гас што ја загрева планетата, излегува од пукнатини на морското дно кај Антарктикот, додека областа се затоплува. Нови протекувања, имено, „се откриваат со зачудувачка брзина“, според научниците, што предизвикува

Локални избори во Косово: „Српска листа“ ги освои сите десет српски општини; главните партии одат во втор круг

Излезноста беше 39,51 отсто, што е пониско од претходните избори. Во меѓувреме, најголемата партија на косовските Срби, „Српска листа“, победи без втор круг во девет од десет општини со српско мнозинство. Српска

Гана се врати на Мундијалот

Репрезентацијата на Гана е следниот национален тим кој што обезбеди пласман на следниот Мундијал, во САД, Канада и Мексико кој што ќе се одржи во 2026 година. По триумфот на домашен терен
Go toTop