17 партии и коалиции поднесоа партиски листи за претстојните парламентарни избори

April 3, 2024
1 min read

17 партии и коалиции ги поднесоа вчера кандидатските листи за пратеници . 13 од нив се за сите изборни единици . Ова е исходот од вчерашниот ден заклучно до полноќ кога беше и последниот рок за поднесеување на листите .

Листи во сите изборни единици имаат  

  • Коалицијата предводена од СДСМ 
  • Коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ 
  • Движење ЗНАМ – За наша Македонија
  • Политичка партија Родина
  • Работничка партија
  • Храбро за Македонија – ГРОМ
  • Македонска ера – Трети суверенисти
  • Левица
  • Европски фронт – ДУИ
  • Вреди – Беса
  • Политичка партија Демократи 
  • Политичка партија Единствена Македонија
  • Политичка партија Десна Која ја предводеше Љупчо Палевски Палчо 

Политичката партија Аваја ( Доста Е )  поднесе кандидатски листи за Третата, Четвртата, Петатта и Шестата изборна единица.

Твоја партија поднесе кандидатски листи за Првата, Втората, Третата и Четвртата изборна единица. 

Нова Алтернатива која ја предводи скопската градоначалничка Данела Арсовска поднесе кандидатски листи за Првата, Втората, Третата и Четвртата изборна единица

Поднесена е и листа од Група избирачи Ѓула Челику која влез во парламентот ќе бара  само преку. Шестата изборна единица.

Овие парламентарни избори ќе бидат единаесетти во земјава . Во шест изборни единици ќе се добијат по 20 пратеници за новиот парламентарен состав. И на овие избори нема да има тројца пратеници избрани од дијаспората, бидејќи за гласање во дипломатско конзуларните претсавништва на Македонија во странство не се пријавиле доволно гласачи, државјани на Македонија.

Во изминатите денови партиите ги промовираа носителите на листите за пратеници и листите, како и програмите за парламентарните избори а ДИК истите ќе ги утврди согласно предвидениот рок . 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Еден загинат и четворица повредени на постизборните протести во Турција

Следно

Посебен режим на сообраќај денес и утре на „Илинденска“ во Скопје

Latest from Blog

Екс-селекторот на Белгија на клупата на Фенербахче: Тедеско го наследи Мурињо

Доменико Тедеско е нов тренер на Фенербахче. 39-годишниот Италијанец попладнево и официјално беше потврден за наследник на Жозе Мурињо во турскиот клуб. Преговорите со поранешниот тренер на Спартак (М) и на белгиската

Отворен изборниот штаб на ВЛЕН во Чаир – Меџити: Нашата борба е за улици, училишта и иднината на младите

Вечерва во срцето на Чаир, првиот вицепремиер и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на општината, Изет Меџити, го прогласи за отворен изборниот штаб. Но, ова што требаше да биде само отворање на

Публиката во Битола – дванаесеттиот играч на Македонија

Битолската публика, која во огромен број го исполни стадионот „Петар Милошевски“, со несебичната поддршка за нашите фудбалери беше вечерашниот дванаесетти играч на натпреварот помеѓу Македонија и Италија. Енергијата на трибините, спортскиот дух
Go toTop