Во пожар во дом за стари лица во градот Манадо на индонезискиот остров Сулавеси загинаа 16 лица, изјави денес локален полициски службеник.
Пожарот во домот за стари лица Верда Дамаи конечно беше изгаснат доцна синоќа, а властите сè уште ја истражуваат причината за пожарот, изјави полицискиот службеник Аламсах П. Хасибуан, според извештајот на Ројтерс од државната новинска агенција Антара.
Снимките од новинскиот канал Метро ТВ покажуваат пожар во станбена зграда, каде жителите му помагаат на постаро лице да избега од запалената зграда.
Извор: tv21


