12 години затвор за смртта на Фросина – таткото бесен: Судот е мафија, одбраната ќе поднесе жалба

May 13, 2025
1 min read

Васил Јованов е осуден на 12 години затворска казна за смртоносното прегазување на Фросина Кулакова која поминувала на пешачки на зелен семафор. 20 годишникот бил под дејство на алкохол, без возачка дозвола и возел со брзина од 91 километар на час поминувајќи на црвено светло.

-Не се придржувал кон прописите со тоа го загрозил јавниот сообраќај така што го довел во опасност животот на луѓето иако бил свесен дека поради тоа може да настапи штетна последица, но се согласил со нејзиното настапување, изјави Снежана Марковска, судијка.

Пресудата во судница ја слушнаа сестрата и родителите на Фросина Кулакова. Таткото незадоволен ја напушти судницата.

-Судот е мафија, чао, рече таткото на Фросина.

Судијката Снежана Марковска, при изрекувањето на пресудата, како олеснителни околности ги наведе признанието на вина, изразеното каење, возраста на обвинетиот и неговиот претходен живот како активен студент и спортист.

-Денешниот ден за обвинителството е поголема победа затоа што беше изречена казна затвор која што во историјата на овој суд за ова кривично дело, кога станува збор за една почината, една жртва не била досега изречена, вели обвинителот.

-Животот одамна е докажано дека нема вредност, токму според законите на оваа недржава. Затоа оваа пресуда е таква каква е, срамна и тажна за цело општество, за сите нас, рече Тодор Кулаков, татко на Фросина.

-Оваа пресуда во ваква висина не е во согласност во воспоставената судска пракса на територијата на Апелациониот суд во Скопје. Иста ваква сообраќајка 2019 на истото тоа место на истиот пешачки премин само од другата страна е завршена правосилно со три и пол години, изјави Сашко Дуковски, адвокат на Васил.

Одбраната на Васил најави дека ќе поднесе жалба на пресудата

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

СДСМ: Муцунски за една година не покажа никаков  резултат, целосен дебакл на надворешната политика

Следно

Кремљ соопшти дека Русија продолжува со подготовките за разговори во Истанбул

Latest from Blog

Ќе се основа Факултет за медицински науки и здравство при Битолскиот универзитет

Денеска на 74-тата владина седница разгледана и усвоена е информација за потреба за основање Факултет за медицински науки и здравство при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Како што велат од Владата,

ВМРО-ДПМНЕ се подготвува да го преземе Министерството за здравство – во игра Клековски и Андоновска?

Арбен Таравари официјално ја напушти владината коалиција, со што неговиот мандат како министер за здравство наскоро ќе заврши. Веќе се појавуваат шпекулации за тоа кој ќе го наследи на оваа позиција. Иако

ДЗР: Од 34 општини, гуп-овите на 22 не го исполнуваат стандардот за озеленетост од 25 м2 по глава на жител

Од 34 дури 22 oпштини не го исполнуваат препорачаниот стандард за зеленило од 25 метри квадратни по глава на жител. Ова го покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија на тема

Генералниот секретар на НАТО, Руте: Турција е цврст и способен сојузник

ИСТАНБУЛ (АА) — Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја нарече Турција цврст и способен сојузник, по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во турската престолнина Анкара, јавува Анадолу. „Разговаравме и
Go toTop