106 годишна Италијанка им раскажувала на лекарите за својот живот при операција

April 22, 2024
1 min read

На 106-годишна Италијанка успешно ѝ е вграден пејсмејкер. Уште повеќе, при операцијата, таа под локална анестезија им раскажувала на лекарите и медицинските сестри за својот живот.

Интервенцијата ја водел тимот на началникот за кардиологија во болница во гратчето Ченто, северна Италија.

Според д-р Бјаџo Сасонe, пациентката Аиде Боргати била „исклучително свесна“ и во „непроменета психичка состојба“ при оперативниот зафат, пишува „Шеринг ТВ“.

– Нејзиниот жив ум, јасноста на мислата и помнењето се навистина импресивни. За време на операцијата зборувавме за почетокот на нејзиниот живот кој почнал 1918 година, при крајот на Првата светска војна. За мене тоа беше како да отворам историска книга, бидејќи сум вљубеник во италијанската историја на 20 век, изјави д-р Сасоне.

Тој додаде дека, иако претходно работел со бројни постари пациенти, оние на возраст од 106 се поретки. Боргати и д-р Сасоне се збогуваа со надеж дека ќе се видат и за 10 години, заради замена на пејсмејкерот.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ДОАЃААТ МНОГУ ПРОСЛАВИ ВО ДОМОТ: Цеца откри кога Анастасија ќе прави свадба, сè е во рацете на еден човек – од него зависи!

Следно

„Полиграф“: Дезинформација е дека освен Ванковска, кандидатите за претседател немаат програма

Latest from Blog

Пепиќ го замени Самарџиев на чело на Работнички

По вториот пораз од ТФТ во полуфиналната серија во плеј-офот од кошаркарското првенство во Македонија, тренерот на Работнички, Горан Самарџиев си поднесе оставка, кое раководството на тимот од Градски парк одлучи да

Нова специјализирана продавница за Корејска убавина K-Beauty-Зегин во срцето на Скопје

Новоотворената специјализирана продавница за корејска козметика во рамките на компанијата Зегин е место каде негата на кожата се среќава со безвременската убавина. K-Beauty-Зегин нуди персонализиран пристап за сјајна кожа преку уметноста на

Затворска казна од година и пол за поранешните директори на тетовската модуларна болница

Порашните директори Флорин Бесими и Артан Етеми се осудени на една година и шест месеци затвор за пожарот на Модуларната болница во Тетово. Тетовската болница како правно лице е казнета со парична

Вучиќ: Избори во следната година и пол, не сум добил никакво барање од никого

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денеска во Тирана дека изборите во Србија ќе се одржат во следната година и пол кога надлежните институции ќе донесат одлука за тоа, пренесоа белградските медиуми.
Go toTop