ЗУБИН МЕХТА И БЕЛГРАДСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА ВЕЧЕРВА СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ

June 24, 2023
1 min read

Белградската филхармонија под диригенство на легендарниот Зубин Мехта, вечерва (20 часот) ќе има концерт во Македонската филхармонија. Белградската филхармонија ќе ги изведе Симфонијата бр.7 од Лудвиг ван Бетовен и „Фантастичната симфонија“ од Хектор Берлиоз. Концертот е дел од „Отворен Балкан“, на 20 јуни свиреа во Белград.

Осумдесет и седумгодишниот Мехта важи за еден од најзначајните диригенти на светската музичка сцена, на која е присутен повеќе од 60 години со своите настапи кои денеска важат за историски. Концертот, со кој Белградската филхармонија одбележува и 100 години од основањето, ќе биде негов 11 настап со овој оркестар.

Концертот со Белградската филхармонија ќе биде трет настап на Мехта во Скопје, првиот беше во 1967 со Филхармонискиот оркестар на Лос Анџелес во Универзалната сала, вториот во 2007 со Израелската филхармонија во „Метрополис арена“ на Скопскиот саем.

Во неговата биографија, меѓудругото се наведува дека дебитирал како оперски диригент со „Тоска“ во Монтреал во 1963 . Од тогаш диригирал во операта Метрополитен во Њујорк, Виенската државна опера, Кралската опера, Ковент Гарден, миланската Скала и во оперските куќи во Чикаго и во Фиренца, како и на фестивалот во Салцбург.

Титулата почесен диригент му ја доделија следните оркестри: Виенската филхармонија (2001), Минхенска филхармонија (2004), Филхармонијата на Лос Анџелес (2006), Театро дел Маџо Музикале Фјорентино (2006), Берлинската државна капела (2014) и Баварскиот државен оркестар (2006), со кој настапи во Сринагар во Кашмир, во септември 2013 година. Во 2016 година Театро ди Сан Карло во Неапол го именува Зубин Мехта за почесен музички директор, а Израелскиот филхармониски оркестар и Филхармонијата на Лос Анџелес во 2019 година го прогласија за диригент емеритус. Во февруари 2019 година и Берлинската филхармонија го именува за свој почесен диригент. Посебна чест му е укажана и во 2022 година, кога новата концертна сала на Театро дел Маџо Музикале во Фиренца го доби неговото име.

Во октомври 2008, Мехта беше одликуван со Царската награда од  јапонското царско семејство. Во март 2011, добива посебно признание со поставувањето ѕвезда на Холивудскиот булевар на славните.

Зубин Мехта заедно со брат му Зарин ја води Музичката фондација Мехли Мехта во Бомбај, каде повеќе од 200 деца стекнуваат знаење од областа на западната класична музика. Музичката школа Бухман-Мехта во Тел Авив развива млади таленти во Израел и блиску е поврзана со Израелската филхармонија, преку нов вид подучувања на младите арапски Израелци во градовите Шфарам и Назарет, со локални наставници и со членови на Израелската филхармонија.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин: Постапките на лидерот на Вагнер се предавство и нож во грб, нашиот одговор ќе биде жесток

Следно

Путин го обвини челникот на „Вагнер“ за предавство

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop