Зошто Вадим Красиков му беше толку важен на Путин

August 3, 2024
2 mins read

На 23 август 2019 година, во берлинскиот парк Клајнер Тиергартен, човек беше егзекутиран од атентатор на велосипед. Жртвата беше Зелимхан Кангошвили, 40 годишен грузиски државјанин кој се борел против Русија за време на Втората чеченска војна и наводно шпионирал руски агенти за грузиското разузнавање.

Осомничениот првично беше идентификуван како „Вадим Соколов“, градежен инженер од Санкт Петербург кој тврдеше дека бил само турист. Се работи за Вадим Красиков, руски убиец од државната безбедносна служба, ФСБ.

Во 2019-та, портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков негираше секаква руска вмешаност во убиството. Деновиве потврди дека Красиков служел во специјалната единица „Алфи“, заедно со некои од телохранителите на Путин.

Берлински судија ја оцени егзекуцијата како „државен тероризам“ и рече дека наредбата речиси сигурно дошла од самиот руски претседател. Случајот предизвик серија препукување и дипломатски протерувања меѓу Берлин и Москва. И покрај сиот бес во Германија поради ладнокрвниот атентат среде бел ден, Красиков деновиве се врати во Русија слободен човек, како дел од најголемата размена на затвореници Исток-Запад од Студената војна.

Договорот не можел да се случи без него. Висок функционер на Белата куќа рече дека овој „негативец“ руската страна го сметала за главен чип и дека Москва ги отфрлала сите варијанти во кои тој не бил вклучен.

Се тврди дека Путин и Красиков се лично блиски. Постојат индиции дека Красиков поседувал доверливи информации што Кремљ не сакал да дојдат до погрешни уши. Во декември 2019 година, тој бил преместен во затворско крило со највисока безбедност поради страв дека руски агент ќе се обиде да го убие, ако почне да бидува кооперативен со Германците.

„Татковината ни во еден момент не ве заборави“, им порача вчера Путин на повратниците.

Интересна е и германската страна. Германците првично не сакаа да склучат договор за размена. Во април 2023 година, американскиот државен секретар Ентони Блинкен предложи размена на Навални и Красиков, но германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја отфрли идејата.

Што ги предомисли? Канцеларот Олаф Шолц рече дека мислите му биле окупирани со германскиот државјанин осуден на смрт во Белорусија и на неправедно затворените во Русија.

Белата куќа убедува дека размената дошла благодарејќи на способноста на Џо Бајден и Камала Харис, со тврдења дека Шолц му рекол на Бајден: „Ќе го направам тоа за тебе“. 

Генерално, Берлин има мотиви да им даде поттик на демократите. Германската влада веќе формираше неформална кризна група за да ја подготви државатаа во случај на победа на републиканците во ноември. Германија е особено ранлива на некои од клучните најави на Трамп. Неговото ветување за тарифи од 10% за американскиот увоз ќе ѝ наштети на германската економија која е извозно отриентирана. И кога Берлин ја достигна најважната цел на Трамп за одвојување 2% од БДП за одбрана, таборот на Трамп сега ја турка идејата за 3%.

Башка секирациите дека Трамп би можел и да се повлече од НАТО и да го прекине снабдувањето со оружје за Украина.

Шефот на Комисијата за надворешни работи на Бундестагот рече дека размената била „договор со ѓаволот“. Во овој фаустовски пакт, Шолц можеби ја продаде својата душа за нешто многу поголемо – за надеж дека можеби нема да мора да се справи со еден поинаков ѓавол после ноември.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полицијата ја пронајде исчезнатата Клара на Железничка станица во Скопје

Следно

ПОЧИНА СПИКЕРСКИОТ ДОАЈЕН СИМОН БЕЛИЧАНЕЦ

Latest from Blog

Кинеска крајбрежна стража со водени топови пука во филипински бродови (ВИДЕО)

Филипинската крајбрежна стража ја обвини кинеската крајбрежна стража дека пукале со водени топови врз филипинските владини бродови во близина на спорниот Скарборо Шол, втор ден по ред, што е трет судир меѓу

Во Гостивар сега има опасност од жолтица, предупредува Комисијата за заразни болести

Откако во Гостивар беше прогласена епидемија на цревни инфекции поради загадената вода од градскиот водовод, можна е појава и на жолтица како последица, предупредуваат од Комисијата за заразни болести. Од Комисијата велат

Сенегал се жалеше на CAS, одлуката за Купот на Африка ќе се донесе на 8 август

ФОТО:facebook.com/fsfOfficielle Контроверзното финале од Купот на Африка, во кое што Сенегал загуби во дуелот со Мароко, ќе добие уште една епизода. Сенегалците и официјално имаат поднесено жалба на судот за спортска арбитража

„НЕ СМЕ ВИ КАСИЧКА – ПРАСИЧКА, ЌЕ ПЛАТИТЕ ВИСОКА ЦЕНА“

Доналд Трамп ѝ се закани на Европската Унија со „значајни“ царини откако Брисел воведе серија високи казни на американските технолошки гиганти. Во објава на неговата платформа Truth Social, американскиот претседател напиша: „Соединетите
Go toTop