Зошто толку многу млади луѓе закачуваат рак?

March 17, 2024
1 min read

Постојат држави во кои смртните случаи поради рак се намалуваат, веројатно благодарејќи на зголемениот скрининг, намалената стапка на пушење и новите третмани. Меѓутоа, на глобално ниво, ракот е во пораст. Раните карциноми – дефинирани како оние што се јавуваат кај возрасни под 50-годишна возраст – сè уште претставуваат само мал дел од вкупните случаи, но нивната стапка на инциденца расте.

Овој пораст, заедно со зголемувањето на глобалната популација, доведува до тоа бројот на смрт од рани ракови да се зголеми за речиси 28% помеѓу 1990 и 2019 година. Моделите предвидуваат дека тоа и натаму ќе расте.

Во САД, колоректалниот карцином – кој обично ги погодува мажите во средината на 60-тите или постари – стана најсмртоносен рак за мажи под 50 години. Кај младите жени, тој стана втора водечка причина за смрт од рак.

Одговори за ова истражувачите бараат во цревниот геном, во геномите на туморите, во начинот и околностите на кој деца растеле пред 50 години, но се чини, не е еден туку комбинација на фактори.

Најголем раст на рани ракови имаат колоректалниот, панкреатичниот и стомачниот канцер но во пораст се и оние на дојка и простата. Во просек, рак на матката во САД растел 2% секоја година од средината на 90-тите до денес а раниот рак на дојка со годишна стапка од 3,8% меѓу 2016 и 2019.

Младите мажи се повеќе погодени од младите жени, Хиспаносите повеќе од останатите.

Освен податоците, за свесноста за проблемот придонесуваат и смртните случаи на познати луѓе. Актерот Чедвик Босман почина од „старински рак“ (на дебелото црево) на само 43 години.

За објаснување често се прибегнува кон стандардните причини: дебелината, процесираната храна, алкохолот, но искуствата од клиниките велат дека често пати се работи за здрави и фит пациенти, без разични фактори. На пример, маратонка од Англија, 32 години – рак на црниот дроб.

Чудни се и некои други разлики: Јапонија и Јужна Кореја се блиску една до друга, имаат слична економија и пристап до храната па сепак, раниот колоректален рак расте многу побрзо во Јужна Кореја отколку во Јапонија.

Проблем е и тоа што во некои земји едвај да се собираат податоци за ова: во Јужна Африка, на пример, податоци за рак имаат за само 16% од популацијата која има здравствено осигурување. Таму уште важи проширената заблуда дека ракот е болест на белците и дека црнци не закачуваат канцер.

Научниците кои се во потрага по одговори а во моментов ги немаат, велат дека е разбирливо што денес слабо стојат со податоци за раните ракови бидејќи никој не претпоставуваше дека ќе дојде до ова. Но, ако и после 20 години се немаат дати на податоци кои ќе го расветлат проблемот, тоа е веќе неуспех и небрежност.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прилепчанка се заканувала дека ќе запали угостителски објект

Следно

Исланд: Вулканот на полуостровот Рејкјанес еруптираше по четврти пат во последните три месеци

Latest from Blog

Намалена видливост поради магла кај Ресен и Удово

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла до 50 метри има кај Ресен и Удово, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор

Љубовницата од концертот на Колдплеј ѝ се нафрли на Гвинет Палтроу (ВИДЕО)

Кабот, чиј приватен и деловен живот е нарушен по виралниот инцидент со таканаречената „камера за бакнување“ на концертот на „Колдплеј“, ја нарече актерката лицемерка. „Како се осмелува?“ Во серија нови интервјуа, Кабот

(Видео) Сепак постојат: Прв пат снимена ЦЕРЕМОНИЈА НА ИЛУМИНАТИТЕ

Со години, Илуминатите ја пречекоруваа границата помеѓу митот и реалноста. Гласини, теории, шепотења и фрагментарни сведоштва сочинуваа темен мозаик, но внатрешноста никогаш не беше осветлена. Сè до денес, објавува Прототема. Во новата

Домашно реми на Валенсија против Мајорка

Тимот на Валенсија, за кој денеска Столе Димитриевски не беше ниту на клупата за резерви предмалку пред своите гледачи во рамките од новото коло од шпанската Примера одигра нерешено 1:1. Домаќинот имаше

Андоновски: Првпат ќе промовираме владин центар за одговор на сајбер инциденти

Владин центар за одговор на сајбер инциденти ќе биде промовира во првата половина од наредната година, најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. -За многу скоро. Веќе завршуваме со дел од
Go toTop