Зошто Реал Мадрид нема да го купи Халанд? Перез е ладен и јасен!

December 26, 2025
1 min read
ФОТО: Manchester City/FB

Ерлинг Халанд веќе долго се поврзува со Реал Мадрид, но се чини дека од тој трансфер нема да има ништо, барем не под сегашните услови. Претседателот на Реал, Флорентино Перез, смета дека откупната клаузула од 250 милиони евра за норвешкиот напаѓач е претерана, дури и доколку тие пари би се обезбедиле со продажба на Винисиус Жуниор, пренесуваат шпанските медиуми.

Наводно, првиот човек на Реал смета дека Норвежанецот, иако е „врвен центарфор“, не е „светска ѕвезда“ во полна смисла на зборот. Перез верува дека Халанд е играч кому му се потребни топки за да постигнува голови, но без дополнителниот квалитет што го поседува Килијан Мбапе. Според него, Французинот, за разлика од Халанд, има способност сам да создаде шанса за гол и притоа да помине неколку противнички играчи.

Поради таквиот став, кога посредници неодамна се обиделе да го испитаат интересот на Реал Мадрид за Халанд, одговорот од клубот бил ладен и јасен. Флорентино Перез смета дека сумата од 250 милиони евра, колку што наводно изнесува откупната клаузула за предвремено заминување од Манчестер Сити, е едноставно превисока. Договорот на Халанд со англискиот клуб, по последното продолжување, важи до јуни 2034 година, а Реал Мадрид под водство на Перез нема намера да плати толкава сума.

Летото 2026 година ќе биде клучно во канцелариите на „Сантијаго Бернабеу“, пред сè поради преговорите околу новиот договор на Винисиус. Доколку Бразилецот не ги прифати понудените услови, ќе биде ставен на трансфер-листа. Многумина се прашуваат дали евентуалната продажба на Винисиус би можела да го промени ставот на Перез за Халанд.

Во овој момент, се чини дека клубот би можел да одлучи парите од продажбата да не ги вложи во Норвежанецот, туку да се потпре на постојните сили, вклучувајќи го и враќањето на Ендрик, кој во Лион има можност да се докаже во европскиот фудбал.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски договори нова средба со Трамп: „Многу работи можат да се одлучат пред Нова Година“

Следно

Хрватите се јасни: ДРЖАВАТА Е КОРУМПИРАНА, ПЛАТИТЕ СЕ НИСКИ И ОДИМЕ ВО ПОГРЕШЕН ПРАВЕЦ

Latest from Blog

СЕ ПОДГОТВУВА АТЕНТАТ НА ТРАМП, тврди израелското разузнавање

Израел ја предупредил американската влада дека Иран наводно планира атентат врз претседателот Доналд Трамп, објави CNN, повикувајќи се на неименувани извори. Според извештаите, иранското раководство дури неодамна го подготвило планот, чии детали засега

По 20 години Палестинците излегуваат на избори- одреден е датумот

Абас го одреди датумот со декрет, повикувајќи ги Палестинците на Западниот Брег, Источен Ерусалим и Појасот Газа да гласаат. На последните избори, на 25 јануари 2006 година, исламистичката организација Хамас освои мнозинство

Мицкоски: Битола е и ќе остане еден од главните приоритети на Владата

Премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска ја посети Битола, каде изврши увид во градежните активности за реконструкција на новата училишна зграда на ООУ „Коле Канински“ во населбата Буковски ливади. Во

Викингот Халанд го освојува Британскиот остров: Филмска најава за мега дуелот Англија – Норвешка!(ВИДЕО)

ФОТО:printscreen Во сабота од 23 часот се игра дуелот од 1/4 финалето на СП меѓу Англија и Норвешка. Секако дека ова во фудбалскиот свет предизвикува големо внимание, особено по фантастичните игри на
Go toTop