Зеленски договори нова средба со Трамп: „Многу работи можат да се одлучат пред Нова Година“

December 26, 2025
1 min read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека наскоро ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп како дел од напорите за ставање крај на руската инвазија.

„Договоривме средба на највисоко ниво, со претседателот Трамп во блиска иднина. Многу работи можат да се решат пред Нова година“, објави Зеленски на социјалните мрежи.


Во средата, украинскиот претседател ја откри најновата верзија на американскиот план за завршување на војната помеѓу Русија и Украина, за кој веќе недели се преговара меѓу Вашингтон и Киев.

Планот предвидува замрзнување на линиите на фронтот, но не нуди решение за најспорното прашање за териториите окупирани од Русија, кои сочинуваат повеќе од 19 проценти од Украина.


За разлика од првичната верзија на документот, составена од американската страна, новата верзија ги изоставува двата главни барања на Москва: повлекување на украинските сили од делови од Донбас кои сè уште се под нивна контрола и правно ветување од Киев дека нема да се приклучи на НАТО.

Не е веројатно дека Москва ќе се согласи со оваа нова верзија. На прашање за тоа, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во средата посочи дека Москва „го формулира својот став“ и одби да ги коментира деталите.


Во четврток, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека напредокот кон завршување на војната е „бавен, но континуиран“.


Извор: tv21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од кујната на Dave’s Kitchen до вашата врата: Празнична магија со еден клик преку Wolt

Следно

Зошто Реал Мадрид нема да го купи Халанд? Перез е ладен и јасен!

Latest from Blog

Швајцарија ги менува правилата за извоз на оружје, пензискиот ДДВ не доби поддршка, ниту оданочувањето на брачните двојки

Швајцарците на денешниот референдум со тесно мнозинство го поддржаа ублажувањето на прописите за извоз на оружје, покажуваат првичните проекции објавени по затворањето на избирачките места, пренесува швајцарската телевизија СРФ. Според проекциите на

ВМРО-ДПМНЕ го осуди сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува симнувањето и сквернавењето на македонското знаме во Гостивар. Македонското знаме е државен симбол и секое негово непочитување треба да биде веднаш санкционирано, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

Пожар избувна во рафинерија на компанијата „Шеврон“ близу аеродромот во Лос Анџелес- причината е силен земјотрес

Градот Ел Сегундо соопшти дека рафинеријата спровела безбедносно палење на вишокот гас, што е стандардна процедура за време на прекини во производството, вклучително и земјотреси, објави „Калифорнија пост“. Во инцидентот не се
Go toTop