Зошто патничките авиони се бели?

December 29, 2025
1 min read

Секоја авиокомпанија има свој уникатен дизајн, но повеќето авиони се бели. Всушност, постојат повеќе причини за оваа практика. Бојата на авионот, на пример му додава меѓу 272 и 544 килограми на вкупната тежина на авионот, зависно од моделот…

Тежината, пак, се разбира, ја зголемува потрошувачката на гориво што авионот ја согорува – како да има осум дополнителни патници. Отстранувањето на оваа непотребна тежина ги прави летовите поевтини, а помалата потрошувачка на гориво значи и помалку загадување. Исто така, белата боја не бледнее како другите бои, па затоа авионот се пребојува поретко. И ова е многу важно и полезно сознание, бидејќи за фарбање „Боинг 747“ би требале околу 545,53 литри боја, а за „Боинг 767“ – 409,15 литри. Тоа значи, боењето комерцијален авион чини од 40.000 до 170.000 евра, пишува порталот „Даљине“.

Натаму, исто како што луѓето лете носат полесна, светла облека, којашто прима помалку топлина, и белите авиони впиваат помалку топлина поради својата боја.

Поради белата боја, и на техничарите им е многу полесно да забележат каква било штета. Ова овозможува навремено, брзо забележување и поправање на протекувањата на масло, пукнатините и другите дефекти и недостатоци. Многу авиокомпании и производители на авиони ги продаваат или изнајмуваат своите авиони на други превозници, па нивното одржување во бела боја го прави поевтино и менувањето или прилагодувањето на дизајнот на новата авиокомпанија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Героски: Стара плоча, нови будали во СДСМ – разоткриени се!

Следно

Зеленски е подготвен да разговара со Путин во кој било формат, но има еден услов

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,
Go toTop