Зошто нема ефекти од најавената градежна експанзија годинава? Одговара заменик министерот за финансии Јанкуловски

May 1, 2025
1 min read

Владата најави градежна експанзија за годинава, но во првите четири месеци ефектите ги нема. Вечерва во Бизнис 21, одговара на овие прашања Николче Јанкуловски кој одговори на ова прашање.

„Од самиот старт Владата сериозно пристапи кон буџетска консолидација, ребалансот кој го направивме и оние непродуктивни трошења, пристапивме кон промена на економската класифицикација на буџетот, и се одлучивме директно да применеме кон инвестиции, кои што ефект ќе го прикажат во пораст на БДП. Кон крајот на годината покажавме допбри резултати, во прибирање на даноци, на приходи, направивме добра организација во УЈП, исто во царинската управа. Тие резултати не охрабрија да предвидиме што е можно повеќе инвестиции за 2025“, рече Јанкуловски.

Тој додаде дека бројките ќе биде поголеми ако се користи методологијата од 2024 година.

„Ако ја искористивме методологијата од 2024 година како се пресметувале капиталните расходи, ќе добиевме поголеми бројки. Буџетот ги мери капиталните инвестиции од реализација на капитални инвестиции на терен, реализирани патишта, ситуација при градба на објекти, набавка на опрема и машини, но ги исклучивме гаранциите кои ги плаќаше министерството за финансии, а се евидентираа минатата година во капитални инвестиции, а изнесуваа скоро 80 милиони евра за 2024 година. Трансферите кон јавните претпријатија 2023 и кон ЕСМ, сето тоа беше евидентирано кон капитални инвестици, и затоа народот со право велеше дека ништо не се прави“, изјави Јанкуловски.

Целата изјава на Јанкуловски низ видео:

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Колку чини екскурзијата, на Љутков, Јанушев, Муцунски со се сопругата и други, во Јапонија, праша СДСМ (ФОТО)

Следно

Комеморација во Париз за младиот човек кој повеќепати беше избоден до смрт додека се молел во џамија во Франција

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop