Колку чини екскурзијата, на Љутков, Јанушев, Муцунски со се сопругата и други, во Јапонија, праша СДСМ (ФОТО)

May 1, 2025
1 min read

Од СДСМ со реакција за екскурзијата на министерскиот ешалон од владата на Христијан Мицкоски. Оттаму велат дека ‘додека институциите на културата едвај преживуваат, а вработените и понатаму се без исплатени плати, министерот за култура Зоран Љутков, заедно со голема партиска свита, си организираа „дипломатска“ екскурзија во Јапонија’.

„Со него се и министерот Тимчо Муцунски со сопругата, генералниот секретар на Владата и уште неколку „културни авторитети“, наводно за поддршка на ансамблот Танец и „јакнење на културната соработка“. Колку точно лица брои оваа луксузна делегација? Колку народни пари беа потрошени за патувањето во Осака,за авионски билети, сместување, дневници, протоколарни вечери, гардероба и подароци? И што, всушност, ќе донесат назад во Македонија? Освен албум со селфиња, објави за „успешни средби“ и неколку звучни фрази за „интеркултурен дијалог“?

Од СДСМ велат дека организирањето на изложба посветена на Кензо Танге е ироничен потег.

„Врв на иронијата, организирале и изложба посветена на архитектот Кензо Танге, визионерот што го проектираше Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Истото Скопје кое ВМРО-ДПМНЕ, со истата оваа структура, го изобличи со стиропор и лажен барок преку проектот „Скопје 2014. Па кој има образ сега да го слави Кензо Танге, кога неговото дело беше грубо погазено со партиска стиропорна естетика и кич?“, велат од СДСМ.

Опозициската партија ги повика претставницигте од власта транспарентно да ја објават сумата која ја потрошиле за екскурзијата во Јапонија.

„Граѓаните заслужуваат одговор: Колку ги чинат екскурзиите на Љутков, колку чини оваа парада? И дали културата е само алиби за туристички луксуз?“

пак претходно информираа дека владината делегација предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински, министерот за култура и туризам Зоран Љутков и генералниот секретар на Владата Игор Јанушев денеска учествувала на националниот ден на светската изложба ЕКСПО 2025 во Јапонија.

Владината портпаролка, Марија Митева, претходно преку видео изјава информираше дека најсилен впечаток во Јапонија на ЕКСПО, оставила точката и настапот на националниот ансамбл „Танец“.

„Македонскиот павилјон изобилува со традиционални изложби, но најсилно и најголемо внимание зазема токму онаа на јапонскиот архитект Кензо Танге, кој го има проектирано Скопје по земјотресот во 1963 година. Како Влада остануваме посветени на афирмација на Македонија. Присуството на ЕКСПО 2025 година е уште еден доказ за тоа“, изјави портпаролката на Владата Митева во видео изјавата.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Навивач падна од трибини на американски стадион (ВИДЕО)

Следно

Зошто нема ефекти од најавената градежна експанзија годинава? Одговара заменик министерот за финансии Јанкуловски

Latest from Blog

Ги знае ли некој овие играчи: Ова е составот на Италија за пријателските!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/NazionaleCalcio/ Привремениот селектор на италијанската фудбалска репрезентација, Силвио Балдини, објави практично нов состав за претстојните пријателски натпревари против Луксембург и Грција. Веста официјално ја објави Италијанската фудбалска федерација (FIGC). Селекцијата е преполна

Тројца загинале во Уганда- се судриле со слон

Полицијата соопшти дека уште четири лица се повредени во несреќата, што се случила во Националниот парк Мерчисон Фолс на северозападниот дел од земјата во недела навечер. Седум службеници на Управата за приходи

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен
Go toTop