Зошто Мицкоски ја турка земјата во економска криза? Повторно цените на храната вртоглаво растат

February 14, 2025
1 min read

Социјалдемократите предупредуваат дека Владата предводена од Христијан Мицкоски, не умее да ги заузда цените кои секојдневно растат. Ја обвинуваат власта дека наместо да справи со кризата таа е нем набљудувач на економскиот хаос кој го создаде.

Како доказ за своите обвинувања опозиционерите ги посочуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика кои покажуваат дека индексот на цените бележи нов раст од 5,2%. Според нив, овој алармантен податок уште еднаш потврдува дека земјата се наоѓа во длабока економска криза, предизвикана од неспособноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

„За само осум месеци, граѓаните се доведени до раб на финансиска издржливост. Цените на основните прехранбени производи и услугите растат без контрола, сметките за електрична енергија се зголемуваат, парното е поскапо, а платите стагнираат. Домаќинствата секојдневно се борат со зголемени трошоци, а Владата нема ниту стратегија, ниту план како да се справи со овој хаос“, велат во СДСМ..

СДСМ предупредува дека ваквата состојба е неодржлива и затоа се потребни итни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и стабилизирање на економијата. Ја повикаа власта да го усвојат пакетот на мерки кои го предлагаат.

„Мерките предвидуваат намалување на ДДВ за електрична енергија и основни прехранбени производи, што ќе ги намали трошоците за домаќинствата и компаниите. Замрзнување на цените и маржите на прехранбените производи за да се спречи понатамошната инфлација и да се обезбеди стабилност на пазарот. Со спроведување на Законот за нефер трговски практики ќе се заштити куповната моќ на граѓаните, а со намалување на цената на „зелениот картон“ ќе се намалат трошоците за сите возачи. Предлагаме зголемување на платите во приватниот сектор со замрзнување на придонесите, што ќе значи подобри приходи за 350.000 граѓани и поголема економска сигурност“, велат во СДСМ.

Од СДСМ порачуваат дека остануваат на страната на граѓаните, ‘подготвен да се бори за решенија кои ќе донесат стабилност, сигурност и подобар живот за сите’.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Важно известување за граѓаните кои чекаат исплата за МојДДВ

Следно

Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски

Latest from Blog

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако
Go toTop